Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Зеленски: Украина де факто е членка на НАТО
Македонија

Зеленски: Украина де факто е членка на НАТО

04/05/2023

AA

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека е од витално значење Западот да го снабди Киев со оружје што е можно побрзо, што ќе и помогне на неговата земја да се бори против руската инвазија.

На заедничката прес-конференција во Хаг со холандскиот премиер Марк Руте и белгискиот премиер Александре де Кро, Зеленски истакна дека Украина е веќе де факто членка на НАТО, но мора и де јуре да се приклучи на Алијансата.

Тој посочи дека Киев ќе работи на создавање нов трибунал за да ја изведе Русија пред лицето на правдата за војната во Украина. Зеленски вели дека веќе постои група од 35 земји кои го поддржуваат формирањето Трибунал.

Холандија ќе обезбеди непоколеблива поддршка за Украина, изјави од своја страна холандскиот премиер Марк Руте. Тој додаде дека Русија не може да победи во војната во Украина и дека мора да одговара за злосторствата, како што се агресија и други воени злосторства.

Холандскиот премиер рече дека нема табуа кога станува збор за воената поддршка за Украина.

На прес-конференција Руте истакна дека прашањето дали НАТО може да испорача борбени авиони на Украина сè уште не е решено.

Белгискиот премиер изјави дека неговата земја подготвува нов пакет воена помош за Украина. Де Кро додаде дека неговата влада истражува како замрзнатите руски средства може да се користат за помош на Украина.

Во изјавата за новинарите, украинскиот претседател ја изрази својата оценка дека руските сили на бојното поле се деморализирани и дека Киев верува дека неговата планирана контраофанзива за повторно заземање на териториите окупирани од руските војници ќе биде успешна.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Муцунски: Во овој момент не постојат услови за уставни измени

04/06/2026
Македонија

УЈП ја пушти во тестирање веб-апликацијата за е-Фактура: Започна третата

04/06/2026
Македонија

Трговија со дете во Скопје: Разбиена шема за незаконско посвојување,

04/06/2026
Македонија

Три лица уапсени, со едно извршен службен разговор, вкупно седум

03/06/2026
Македонија

Приведен тетовец, пијан со пиштол се обидел да изврши разбојништво

03/06/2026
Македонија

30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица

03/06/2026
Македонија

58-годишник од тетовско силувал малолетничка во комбе со кое вршел

03/06/2026
Македонија

Пожар во средно училиште во Тетово, неколку вработени вдишале чад!

03/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43591
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy