Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕВРОПСКАТА ИДНИНА СЕ ГРАДИ СО РАБОТА, А НЕ СО ПОЛИТИЧКИ КАЛКУЛАЦИИ Јаревски вели дека реформската агенда е можност за Македонија
Македонија

ЕВРОПСКАТА ИДНИНА СЕ ГРАДИ СО РАБОТА, А НЕ СО ПОЛИТИЧКИ КАЛКУЛАЦИИ Јаревски вели дека реформската агенда е можност за Македонија

23/11/2026

AA

Македонија е меѓу најуспешните држави во исполнувањето на реформските обврски и искористувањето на европската поддршка, а напредокот кон Европската Унија треба да се темели на конкретни резултати, работа и реформи, а не на отстапки од националните интереси. Ова го истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски, во емисијата „Колегиум“ на телевизијата „Алфа“.

Според Јаревски, новиот пристап на Европската Унија кон проширувањето, кој се заснова на исполнување конкретни обврски и постигнати резултати, претставува можност за Македонија да го покаже својот напредок.

Тој објасни дека со новиот модел државите се оценуваат според реализацијата на реформите, а напредокот се поврзува и со финансиската поддршка од Европската Унија.

– Има дилеми и разговори дали има замор од проширувањето, но овие измени, од еден поинаков аспект, се исклучително поволни за Македонија. Зошто? Бидејќи се засноваат на учинок. Имаме типичен мерит-систем, со листа на обврски што треба да ги исполниме и реформи што треба да ги спроведеме. Имаме директна оценка и, согласно со неа, напредок. Имаше и неколку финансиски пакети што го поткрепуваат спроведувањето на реформите, а тука Македонија е лидер. Таму каде што треба да се сработи, да се создадат подобри услови за граѓаните и бизнисот и да се подобри секојдневието, таму сме неприкосновени – рече Јаревски.

Тој посочи дека Европската Унија вовела и механизам според кој средствата предвидени за државите што не ги исполнуваат преземените обврски може да се пренасочат кон оние што бележат подобра динамика во спроведувањето на реформите.

– Неколкупати сум го истакнал тоа. Покрај моделот на оценување, воведен е и механизам според кој средствата предвидени за државите што не ги реализирале своите обврски се пренасочуваат кон оние што имаат подобра динамика. И тука Македонија повторно е лидер. Можеби не станува збор за премногу средства, но тие се многу повеќе од симболични и ни даваат охрабрување и дополнителен мотив да продолжиме во насоката во која се движиме – изјави пратеникот.

Јаревски нагласи дека спроведувањето на реформите и заштитата на националните интереси не се меѓусебно исклучиви процеси. Притоа ја критикуваше политиката на СДСМ, обвинувајќи ја партијата дека во минатото правела отстапки на сметка на македонските национални интереси.

Според него, таквиот пристап е погрешен бидејќи отстапките не можат да бидат замена за одговорно управување, економски развој и подобрување на животниот стандард.

– Едниот процес не го исклучува другиот. Нивната филозофија е: „Ние ќе направиме какви било отстапки и на сметка на тоа не треба ништо друго да направиме за државата“. Нивната филозофија беше дека ако направиме отстапка на сметка на македонските интереси и им се допаднеме, тогаш не мора ништо да сработиме, туку ќе нè толерираат. Тоа е неприфатливо, бидејќи тој период ќе помине, а условите во кои живееме и работиме, за сите граѓани, ќе бидат уште полоши – рече Јаревски.

Говорејќи за европската интеграција и уставните измени, тој рече дека ова прашање со години е присутно во политичките дебати, но дека тоа не смее да биде причина државата да се откаже од спроведувањето на реформите.

Јаревски отфрли и, како што ја нарече, тезата дека претходната власт оставила толку лоша состојба што актуелната влада не може да направи напредок.

– Ќе се трудиме и ќе работиме. Реализацијата на реформската агенда ни дава доволно аргументи да покажеме колку сме решителни на европскиот пат. Нашата цел не е само да влеземе во Европската Унија, туку да ја донесеме Европа кај нас – во секојдневието, во начинот на размислување, во работата, образованието, спортот и културата – истакна Јаревски.

Тој додаде дека со економското јакнење и враќањето на кредибилитетот на државата, Македонија ќе има посилни аргументи во разговорите со европските партнери за надминување на пречките на патот кон членството.

– Нема чуда преку ноќ, особено во ваква ситуација каква што наследивме, но веќе ги гледаме првите резултати од патеката што ја дефиниравме и по која се движиме – рече Јаревски.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

ЕВРОПСКАТА ИДНИНА СЕ ГРАДИ СО РАБОТА, А НЕ СО ПОЛИТИЧКИ

23/11/2026
Македонија

ЛАЖЕЛ ДЕКА ТУРЦИТЕ ИМААТ ПРОБЛЕМ СО ПРЕСТОЈОТ, ПА ЗЕЛ ПОТКУП

23/11/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ЌЕ ГИ ТРГА ПАРКИРАНИТЕ ВОЗИЛА ОД ТУРИСТИЧКА Засилени мерки

23/11/2026
Македонија

САЈБЕР-НАПАД ВРЗ УНИВЕРЗИТЕТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Дигиталните сервиси се обновуваат, од

23/11/2026
Македонија

ВЕЛЕШАНЕЦ, КОЈ ЧУВАЛ 10 КУЧИЊА, ПОЧИНАЛ, КУЧИЊАТА ГЛАДУВАЛЕ ЗАТВОРЕНИ Успешно

23/11/2026
Македонија

СУБВЕНЦИИ ЗА ВОЗАЧКИ ИСПИТ ЗА МЛАДИ БИТОЛЧАНИ Еднократна финансиска поддршка

23/11/2026
Македонија

СМРТТА КАЈ СМИЛКОВЦИ СЕ ИСТРАЖУВА КАКО УБИСТВО Тошковски потврди дека

23/11/2026
Македонија

ДА ИЗГРАДИМЕ ЗЕМЈА ВО КОЕ СЕКОЕ ДЕТЕ ЌЕ ЖИВЕЕ БЕЗ

23/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46897
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЛАЖЕЛ ДЕКА ТУРЦИТЕ ИМААТ ПРОБЛЕМ СО ПРЕСТОЈОТ, ПА ЗЕЛ ПОТКУП Полицаец од Долно Блаце дел

23/11/2026

Полицаец на граничниот премин Долно Блаце побарал и примил пари за да им овозможи влез во Македонија на двајца турски

ПОЛИЦИЈАТА ЌЕ ГИ ТРГА ПАРКИРАНИТЕ ВОЗИЛА ОД ТУРИСТИЧКА Засилени мерки пред средбата на лидерите во

23/11/2026

Возачите во Охрид од денеска ќе мора да внимаваат каде ги запираат и паркираат возилата. Полицијата воведува засилени контроли на

САЈБЕР-НАПАД ВРЗ УНИВЕРЗИТЕТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Дигиталните сервиси се обновуваат, од УГД тврдат дека податоците се

23/11/2026

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип во текот на изминатата недела бил цел на сајбер-напад насочен кон неговата дигитална инфраструктура,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy