Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Османи: Формулирањето на уставните амандмани ќе покаже дека нема ништо контроверзно во процесот
Македонија

Османи: Формулирањето на уставните амандмани ќе покаже дека нема ништо контроверзно во процесот

04/05/2023

AA

Скринингот со ЕК се одвива на задоволително ниво. Нема отстапување од тоа што е зацртано во преговарачката рамка, односно со комплетирање на уставните измени да се почне отворањето на првото поглавје, вели шефот на димпломатијaта Бујар Османи.

Тој од Њујорк, каде треба да се обрати пред Советот за безбедност на ОН и да ги презентира приоритетите на нашето претседавање со ОБСЕ, одржа брифинг преку видео врска, при тоа нагласи дека неделава имал сериозни разговори во Брисел од техничко ниво по однос на тоа кои се следните чекори, внатрешните динамики овде по однос на нашите обврски коишто ги имаме по однос на процесот.

– Сценариото е утврдено согласно преговарачката рамка, меѓутоа ѓаволот е во деталите. Сакам да се имаат предвид однапред размислувањата на сите земји членки, на Бугарија, динамиката на уставните измени за да ги имаме сите можни комбинаторики предвид, нема отстапување од тоа што е зацртано во преговарачката рамка, односно со комплетирање на уставните измени да се почне отворањето на првото поглавје, рече министерот Османи.

Тој нагласи дека од експертски, технички аспект, скринингот оди на задоволително ниво, нашите луѓе се на висина на задачата, задоволни се и европските претставници по однос на тоа што е направено и се чекаат извештаите од првите поглавја каде што е завршен билатералниот скрининг, да почнат да се работат, за да можеме потоа да бидеме спремни за отворање на поглавјето.

На новинарско прашање дали има разговори со пратеници, која е динамиката за уставните измени и кога очекува да почне собраниската процедура, Османи посочи дека веќе започна да работи работната група на формулирање на уставните амандмани и очекува тоа да оди лесно затоа што, вели, дефинирано е во протоколот, точно како и каде е таа интервенција што треба да се направи.

– Во моментот откако ќе бидат формулирани амандманите мислам дека веднаш треба да почне јавната дебата. Владата да ги усвои, јавноста да дебатира, новинарите, експертите по однос на тие формулации бидејќи ние досега повеќе дебатираме за некакви претпоставки и конспирации, отколку за вистинските формулации, односно за текстот што треба да биде внесен во Уставот. Штом се вратиме од Вашингтон мислам дека комисијата веќе ќе излезе со одредени формулации и тука формално почнува јавната дебата по конкретните амандмани на Уставот, нагласува Османи

Според него, тоа ќе биде и најсуштинскиот дел од дебатата бидејќи граѓаните ќе сфатат кога ќе ги прочитаат амандманите дека сето друго претходно што било кажано било дел од една партиско-политичка пропаганда, обид да се внесе страв кај граѓаните, да се поларизира општеството, да се ловат политички поени на тој страв.

Прашан дали во предвидениот рок до ноември ќе биде завршен процесот на уставни амандмани со оглед на противењето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ која е против измени на Уставот, Османи рече дека е во тек со нејзината работа, преку претставникот на МНР во работната група, чие присуство таму е токму да го пренесе протоколот бидејќи во него точно е дефинирано што треба да содржат уставните измени и очекува само тоа да се преведе во конкретна формулација.

– Јас мислам дека најсуштинскиот дел во однос на овој процес ќе биде изложување на вистината пред граѓаните. Вистината ќе биде изложена кога граѓаните ќе ги прочитаат формулациите и тогаш сите кули од пропагандни карти ќе се срушат и ќе се соголи процесот пред граѓаните и тие ќе видат дека нема ништо контроверзно во тој процес. Мислам дека тоа ќе биде пресвртниот момент во целиот јавен дискурс, којшто потоа ќе наметне нова динамика и во политиката, и кај пратениците и кај политичките партии. Затоа инсистирам да се заврши оваа дебата врз основа на духови, на непостоечки формулации, врз основа на конспирации, стравови, наметнати пропагандни лажни вести од разни центри коишто имаат за цел да ги исплашат граѓаните и да ги поларизираат. Дајте да ја расчистиме/разголиме таа конструирана пропаганда околу уставните измени, да ги покажеме формулациите. Кога граѓаните ќе ги видат формулациите очекувам дека поинаку ќе се разговара за овој процес, а потоа доколку опозицијата повторно гледа само партиска калкулација на сметка на иднината на државата, на граѓаните, само интересот за столчиња во Владата, тогаш тие ќе треба да дадат некои одговори на граѓаните, наведе Османи.

Во однос на разговорите со пратениците, шефот на дипломатијата вели дека дебатата меѓу нив засега се одвива на неформално ниво, а формално ќе започне по објавувањето на формулираните амандмани, по што вели, ако треба ќе се седне и индивидуално со секој од нив да се разговара и со политичките партии посебно за да посочат што е проблемот во конкретните формулации.

– Јас очекувам во медиумите, во Собранието, во Владата, од цивилното општество дека ќе организира настани на коишто ќе се дебатира „за“ и „против“ тие амандмани, во таа општа дебата секој да збори со секого и не гледам ништо спорно во тоа и пратениците да бидат дел од таа дебата да ги кажат своите ставови. Сепак, пратениците не треба да бидат на пишани говори од партијата, секој си има свој став, ако е „против“ треба да каже зошто е „против“, што мисли дека е алтернатива. Јас очекувам таква дебата и таква дебата ни е многу важна во којашто сите ќе се вклучиме во општеството да ги кажеме ставовите и на крај ќе ги сумираме впечатоците, потенцира министерот Османи.

Инаку, онлајн брифингот како што рече, го организира поради физичката неможност да биде постојано во Скопје и агендата на МНР која е, вели, во невидени размери поради обврските со претседавањето со ОБСЕ, со А5 Јадранската повелба и со процесот за соработка со ЈИЕ кое почнува од јуни. Тој на прашање од новинарите рече дека ваквата интензивна агенда тој паралелно ги води и двете траектории – ЕУ и ОБСЕ.

– На ниту еден начин нема ангажманот со ОБСЕ да го намали ангажманот по однос на домашните процеси, туку напротив ќе обезбеди една платформа за состаноци и со луѓе коишто не би можеле да ги сретнеме доколку ја немавме платформата ОБСЕ. Така што, ОБСЕ е само додадена вредност за да можеме да ги водиме и разговорите коишто се однесуваат на внатрешните динамики, рече Османи.

Тој го најави и првиот јубилеј – пет години од Преспанскиот договор, којшто ќе биде одбележан со нов Преспа форум на дијалог на 15 и 16 јуни.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
Македонија

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата

24/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте

24/09/2026
Македонија

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за

24/09/2026
Македонија

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД

24/09/2026
Македонија

СО ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ОЧЕКУВАМЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Министерот

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45787
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина на Битола

24/09/2026

Вечерва во 22:18 часот по локално време, во југозападниот дел на Македонија е регистриран земјотрес со магнитуда од 3,3 степени

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк остварил средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. – Остварив средба со претседателот на Република Србија,

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев ветува мерит систем, каде знаењето

24/09/2026

Заврши времето кога само етничката припадност беше услов за добивање работно место во јавниот сектор, а новиот закон за правична

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy