
Затвореник од Идризово нападнат физички од друг затвореник
Вчера затвореник од КПУ Идризово пријавил дека бил физички нападнат од друг осуденик. Во СВР Скопје вчера во 22:00 часот било пријавено дека во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, осуденикот Ѓ.М.(43) од Скопје бил физички нападнат од осуденикот К.Ф.(40) од Гостивар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.