Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Затвор за 13 обвинети од „велешката група“ за сексуална злоупотреба на 14-годишно девојче
Магазин

Затвор за 13 обвинети од „велешката група“ за сексуална злоупотреба на 14-годишно девојче

20/11/2024

AA

Основниот кривичен суд Скопје попладнево ја објави пресудата за предметот против 13 лица обвинети за кривични дела Трговија со малолетно дете, Силување и Прикажување порнографски материјали на малолетник. Се работи за случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување порнографски материјал​ со дете-жртва.

Судот соопшти дека сите 13 обвинети се виновни за кривичните дела кои им се ставаат на товар и на сите им се изречени затворски казни, „имајќи ги предвид сите олеснителни и отежителни околности“.

-С.Д. на казна затвор од 5 години и 6 месеци, Д.С., и  Д.Н. на казна затвор од 4 години и 6 месеци, Т.И., С.Н. на казна затвор од 4 години, А.Ф., Б.Ф., А.З., Т.Л., Р.В., на казна затвор од 1 години  6 месеци, К.Т., на казна затвор од 1 година и 3 месеци, а обвинетиот Б.К. му изрече условна осуда од две години затвор која нема да се реализира доколку следните пет години не стори ново кривично дела како мерка заштитен надзор, соопшти Основниот кривичен суд Скопје. 

На првите пет осудени лица Судот им определи мерка куќен притвор до правосилноста на постапката. Осудените се задолжуваат и да ги надоместат судските трошоци за постапката како и трошоците за застапување на обвинетата.

-Како што беше кажано и за време на изреката на пресудата: Станува збор за кривично-правена постапка кој во текот на главната расправа, по предлог на Јавниот обвинител, но и заради одредбите од ЗКП, со оглед дека оштетената во периодот на сторување на кривичното дело била малолетна, беше затворена за јавноста. Но, согласно добиените решенија од Врховниот суд на РСМ, со кои на претставници на медиумите им беше дозволено снимање и фотографирање на расправа, како и заложбите на Кривичниот суд за поголема отвореност и транспарентност на постапките, а притоа имајќи го предвид и јавниот интерес за конкретниот предмет, денешната објава на пресудата беше отворена за јавноста во делот на изреката и беше дозволено снимање и покрај своеволната одлука на дел од обвинетите да ја напуштат судницата за време на снимањето. Додека пак при објава на диспозитивот на пресудата, јавноста беше исклучена, пред се, заради заштита на податоците за жртвата, а имајќи ја предвид и судската праска на Европскиот суд за човекови права, појаснува Основниот кривичен суд по објавувањето на пресудата. 

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во јануари годинава го објави случајот, во кој првоосомничениот, 25-годишен велешанец, од крајот на декември 2021 година и во текот на 2022 година, со употреба на закани над детето-жртва, им овозможил на останатите осомничени и на други непознати лица да вршат полови дејствија со жртвата. Овие дејствија вклучувале сексуални активности, сексуална експлоатација и порнографија.

Според обвинителството, првоосомничениот преку апликацијата Инстаграм остварил комуникација со тогаш четиринаесетгодишното девојче и ја довел во заблуда дека ќе започнат љубовна врска. На првата средба бил направен порнографски материјал, кој потоа го користел како закана за да ја присили жртвата да доаѓа на други средби.

Забавите се случувале во станови на повеќе локации во Велес, каде присуствувале повеќемина кои прво консумирале дрога и алкохол, а потоа вршеле полови дејствија врз детето.

Обвинение беше поднесено против 15 лица, од кои двајца се спогодија со Обвинителството и добија условни казни. Од останатите 13 обвинети, 12 се во притвор, а еден е во куќен притвор.

 

 
 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, НО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ Студено утро, попладне температурите

27/09/2026
Македонија

ДАЛИ АЛИ АХМЕТИ СВЕДОЧЕЛ ПРОТИВ ОВК ВО ХАГ? Лидерот на

27/09/2026
Македонија

НЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЧЛЕНСТВОТО, ТУКУ НА ФИКТИВНИ КАРТИЧКИ Жесток

27/09/2026
Македонија

ЗЕМЈОТРЕС ЈА ЗАТРЕСЕ ПРЕСПА Потресот почувствуван во Битола и во

27/09/2026
Македонија

НЕ БЕГАМЕ ОД ОДГОВОРНОСТА, ИЗЛЕГУВАМЕ ПРЕД ГРАЃАНИТЕ СО ОТЧЕТ Димитриевски

27/09/2026
Македонија

88-ГОДИШНИК СТРУЖАНЕЦ НАСАМАРЕН ЗА 300.000 ДЕНАРИ Му ветиле награда, а

27/09/2026
Македонија

„ВИДОВМЕ МАЛА ГРУПА НА ПУЧИСТИ, ЛУЃЕ ОД ЗНАМ И ЛЕВИЦА“

27/09/2026
Македонија

ВО ОПОЗИЦИЈАТА СЕ СЛУЧУВА ЦИРКУС Петрушевски му порача на Филипче

27/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45836
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, НО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ Студено утро, попладне температурите ќе растат

27/09/2026

Променливо облачно време со сончеви периоди нè очекува во понеделник, а температурите во текот на денот ќе се движат од

ДАЛИ АЛИ АХМЕТИ СВЕДОЧЕЛ ПРОТИВ ОВК ВО ХАГ? Лидерот на ДУИ доби многу непријатно прашање

27/09/2026

Дали Али Ахмети сведочел против Ослободителната војска на Косово во Хаг и дали неговиот исказ имал каква било улога во

НЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЧЛЕНСТВОТО, ТУКУ НА ФИКТИВНИ КАРТИЧКИ Жесток одговор од „12:05“ по прес-конференцијата

27/09/2026

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ реагираше на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy