Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Заштитата на Преспанското Езеро треба да биде највисок приоритет“ – Сиљановска-Давкова во работна посета на Ресен
Македонија

„Заштитата на Преспанското Езеро треба да биде највисок приоритет“ – Сиљановска-Давкова во работна посета на Ресен

11/11/2025

AA

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска е во работна посета на Општина Ресен, каде оствари средби со градоначалникот Јован Тозиевски, членовите на Советот на општината и со граѓаните.

Во фокусот на разговорите беа локалните проблеми, при што особено беше нагласено прашањето за миграцијата и одливот на младите од Ресен и Преспанскиот регион. Беше акцентирана и важноста на проектот „ЕУ за Преспа“, преку кој се вложуваат значителни средства за развој на општината, која, како што беше кажано, има најголем бенефит од европските фондови.

Во изјавата по средбите, претседателката истакна дека нејзината посета на Ресен не е случајна.

„Зошто си ја почнав мојата таканаречена турнеја од Ресен? Неслучајно, бидејќи основната причина беше грижата за Преспанското Езеро“, изјави Сиљановска-Давкова.

Таа додаде дека добила темелни податоци за состојбата со езерото.

„Добив податоци, меѓу кои и оној дека не е основната причина во енормното и неконтролираното користење на водата, туку во понирањето, односно во природата, и дека во историјата сме имале и друг пат вакви ситуации“, рече претседателката.

Таа изрази оптимизам за иднината на градот, пофалувајќи ги европските проекти.

„Од разговорот со градоначалникот, разбрав дека – да, овој град има иднина, само што има потреба од поголема поддршка. Проектот ‘ЕУ за Преспа’ навистина е не само инспиративен, туку и темелен проект, како да се активира или да се реактивира туризмот, земјоделието, економијата, справувањето со депониите“, истакна таа, додавајќи дека некои од решенијата во проектот може да бидат модел и за други.

Како решение за задржување на младите, Сиљановска-Давкова, покрај потребата од стратешки пристап кон медицинскиот и културниот туризам, ги посочи и новите технологии.

„За среќа, вештачката интелигенција и дигитализацијата, овозможуваат овде да живеете, а да работите на друго место, но за тоа треба еден исчекор“, рече претседателката.

Во рамки на посетата, предвидено е претседателката да посети и неколку културни институции, како и производствениот погон „Свисслион Агроплод – Ресен“. Попладневниот дел од посетата е посветен на дебата со претставници на невладини организации и локални институции, со фокус на еколошките предизвици и зачувувањето на Преспанското Езеро.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
Македонија

Ранѓеловиќ за 4TV.mk: Наместо бланко поддршка за војни, Македонија треба

03/03/2026
Македонија

Ранѓеловиќ: ЕУ стана алатка за манипулација – Нашите политичари не

03/03/2026
Македонија

ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА ЕВАКУАЦИЈА ОД ОАЕ Амбасадата во Абу Даби

03/03/2026
Македонија

ИЗРАЕЛ Е БЛОКИРАН, МАКЕДОНИЈА ВО СРЦАТА: Рашел Шели Леви-Драмер за

03/03/2026
Македонија

Василевски за 4TV.mk: Директна воена закана за копнена Европа нема,

03/03/2026
Македонија

МНР организира евакуација на македонските државјани од ОАЕ: Се подготвува

03/03/2026
Македонија

Василевски за 4TV.mk: Иранската нуклеарна програма не е од вчера,

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42202
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи на можност за евакуација

03/03/2026

Ангела Николовска, која се наоѓа во Доха, во вклучување во емисијата Ноќно студио на 4TV.mk изјави дека безбедносната состојба денеска

Ранѓеловиќ за 4TV.mk: Наместо бланко поддршка за војни, Македонија треба да избере внимателна и мирољубива

03/03/2026

Политикологот Иво Ранѓеловиќ во гостување во емисијата Ноќно студио на 4TV.mk оцени дека дел од светот, вклучително и Македонија, избрзал

Ранѓеловиќ: ЕУ стана алатка за манипулација – Нашите политичари не сакаат искрено влез во Унијата

03/03/2026

„Доколку утре влеземе во ЕУ, што ќе ни значи тоа ако не сме спремни? Членството не е дестинација, туку патување

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy