Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИЗРАЕЛ Е БЛОКИРАН, МАКЕДОНИЈА ВО СРЦАТА: Рашел Шели Леви-Драмер за откажаните комеморации и растечкиот антисемитизам
Македонија

ИЗРАЕЛ Е БЛОКИРАН, МАКЕДОНИЈА ВО СРЦАТА: Рашел Шели Леви-Драмер за откажаните комеморации и растечкиот антисемитизам

03/03/2026

AA

Воениот конфликт на Блискиот Исток и целосната блокада на воздушниот сообраќај ги срушија плановите на десетици Израелци со македонско потекло кои требаше да пристигнат во земјава за одбележување на 11-ти март – денот на холокаустот на македонските Евреи.

Рашел Шели Леви-Драмер, која со години е мостот меѓу двете држави, за „Ноќно студио“ на 4TV.mk, ја опишува моменталната состојба во Израел како тензична, но нагласува дека духот на народот е нескршлив.

Поради воената состојба, Израел во моментов е отсечен од светот. Аеродромите се затворени, што директно влијае врз организацијата на комеморативните активности во Битола и Штип.

„Моравме сè да стопираме бидејќи немаме летови. Израел е блокиран, аеродромот е затворен – нема ни влегување ни излегување. Многу ми е жал, бидејќи јас го организирам доаѓањето на голема група Израелци на ‘Маршот на живите’. Сакав да ја видат Македонија, особено сега кога сум горда што во Македонија нема антисемитизам и луѓето се слободни и отворени“, вели Рашел.

Таа додава дека дури и во самиот Израел, настаните на еврејската заедница годинава ќе бидат тивки и скромни, без масовни собири.

Рашел со посебна емоција зборува за гостопримството на македонскиот народ, правејќи паралела меѓу двата менталитети.

„Израелците и Македонците имаат многу заедничко – мили луѓе, друштвени и отворени. Атмосферата на улиците во Македонија е многу позитивна, за разлика од она што се случува во светот каде антисемитизмот расте на сите страни.“

Еден од најсилните моменти во нејзиното сведоштво е описот на упорноста на нејзините сограѓани. И покрај опасноста, илјадници Израелци кои се затекнале надвор од земјата при нападите, прават сè за да се вратат во татковината.

„Околу 150.000 Израелци кои беа излезени на шетање, сега навалуваат на авионите за да се вратат тука. Некој ме праша: ‘Зошто се враќате кога има војна? Сите бегаат од војна’. Но, Израелците се собираат дома. Ние сме упорни и не се даваме, иако е многу непријатно“, објаснува Рашел.

Таа го спомена и неодамнешниот инцидент во Банско, каде бил нападнат Израелец, како пример за загрижувачкиот тренд на нетрпеливост кој се шири низ Европа, што ја прави безбедната средина во Македонија уште повредна за нивната заедница.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК

20/09/2026
Македонија

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер

20/09/2026
Македонија

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да

20/09/2026
Македонија

СЛУШНАЛ ВРЕСОЦИ И ТРГНАЛ ПО СИНОТ ВО КАЊОНОТ Таткото загина

20/09/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДА ЗА ФОТЕЛЈИ Димитриевски даде отчет

20/09/2026
Македонија

СУДАР КАЈ „ТУЛАНАТА“ НА ПАТОТ БИТОЛА-ПРИЛЕП ОДНЕСЕ ЖИВОТ НА ТИНЕЈЏЕРКА

20/09/2026
Македонија

САКАЛ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД МАКЕДОНИЈА КАКО „ИТАЛИЈАНЕЦ“ Со себе имал

20/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ НА БЈБ ЧЕШЛА КРАЈ СТРУГА Во Радожда контролирале

20/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45694
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК ДОЖД До среда ќе дува

20/09/2026

Времето в понеделник, 20 септември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер го пренел по пријава од

20/09/2026

Граѓани околу 14.30 часот пријавиле дека на Шар Планина забележале лице кое не покажувало знаци на живот, по што била

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да ги испита фотките и изјавата

20/09/2026

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков најави дека денеска ќе поднесе кривична пријава против Јон Фрчкоски од СДСМ и непознати лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy