Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ранѓеловиќ: ЕУ стана алатка за манипулација – Нашите политичари не сакаат искрено влез во Унијата
Македонија

Ранѓеловиќ: ЕУ стана алатка за манипулација – Нашите политичари не сакаат искрено влез во Унијата

03/03/2026

AA

„Доколку утре влеземе во ЕУ, што ќе ни значи тоа ако не сме спремни? Членството не е дестинација, туку патување низ реформи кои на нашите политички елити не им одговараат“

Додека државниот врв бара „брза лента“ за интеграција во Европската Унија, политикологот Иво Ранѓеловиќ во „Ноќно студио“ на 4TV.mk предупредува дека македонското општество и политичката елита паднале во стапицата на декларативни заложби, додека суштинскиот реформски процес стагнира повеќе од три децении.

Според Ранѓеловиќ, најголемата грешка е што на членството во ЕУ се гледа како на финална цел која автоматски ќе ги реши сите проблеми. Тој посочува примери на земји-членки кои и понатаму се најсиромашни во блокот.

„Членството во ЕУ не е гарант за достоинствен живот. Реформскиот процес е она што ни е потребно – од економски до социјален план. Без разлика дали имаме формално членство или не, нас ни треба здраво општество ради самите себе, а не само ради Унијата“, истакна Ранѓеловиќ.

Политикологот е дециден дека секоја влада во Македонија ја користи интеграцијата како алатка за дневна политика и манипулација со народот, прилагодувајќи ги ставовите според тоа „како ќе дувне ветрот“.

„Се манипулира со тоа дали да побрзаме, дали да го дадеме името или не… Тоа е само алатка на актуелните власти. Народот треба јасно да знае: дури и да ги исполниме сите услови, во овој момент во самата ЕУ нема формална политичка волја за проширување“, појаснува тој.

Ранѓеловиќ изнесе остра критика до политичката елита, тврдејќи дека тие суштински не сакаат влез во Унијата бидејќи тоа би значело крај на досегашниот начин на владеење.

„Не верувам во искреноста на политичарите. Вистински реформски процес би ги оневозможил корупцијата и ставањето на личниот интерес над државниот. Во една уредена средина со европски правила, нашите политичари едноставно не би знаеле како да функционираат. Затоа веќе 35 години живееме во овој статус-кво“, заклучува Ранѓеловиќ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
Македонија

Промена на времето: Во сабота дожд, грмежи и засилен северен

11/09/2026
Македонија

Повеќе од дваесет дуќани изгореа во пожар во Шуто Оризари

11/09/2026
Македонија

Бројот на автомобили за 10 години пораснал за 60 отсто,

11/09/2026
Македонија

Пронајден и казнет мажот кој фрлаше ѓубре во Радика

11/09/2026
Македонија

Јакимовски сè уште е во „Шутка“, ја чека писмената одлука

11/09/2026
Македонија

Екс директорката Асани оди во куќен притвор, продолжува истрагата за

10/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45637
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани „Ц“ и „Д“ категории

11/09/2026

Повеќе локации низ земјава денеска се предмет на полициски претреси во рамки на координирана акција на Министерството за внатрешни работи,

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие бркате, затворате, тие ги пуштаат

11/09/2026

Одлуките на Врховниот суд за укинување на пресудата за случајот „Ласкарци“, како и за предметот против Стевчо Јакимовски, предизвикаа остра

Промена на времето: Во сабота дожд, грмежи и засилен северен ветер

11/09/2026

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy