Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи на можност за евакуација
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи на можност за евакуација

03/03/2026

AA

Ангела Николовска, која се наоѓа во Доха, во вклучување во емисијата Ноќно студио на 4TV.mk изјави дека безбедносната состојба денеска е значително помирна во однос на претходните денови.

„Денеска е мирно. Ова е прв ден да не се разбудиме од детонација. Имавме само еден напад околу 19 часот, со пет-шест детонации, но проектилите беа пресретнати од Министерството за одбрана и се надевам дека за денеска тоа е завршено“, рече Николовска.

Во однос на информирањето на граѓаните, таа посочи дека внимателно ги следи официјалните канали на катарските институции.

„Јас лично ги следам објавите на локалните медиуми и официјалните профили на Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи на Катар. Тука е законски забрането ширење лажни вести, така што информациите што се објавуваат се официјални и проверени“, истакна таа.

Николовска ја пренесе и најновата информација од македонските институции, според која Министерство за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија соопштило дека Амбасадата на Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединети Арапски Емирати, работи на финализирање на деталите за организација на комерцијален лет за евакуација на македонски државјани.

Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, тоа да го сторат во најкраток можен рок преку контакт со амбасадата во Абу Даби.

Според Николовска, поголем дел од македонските државјани во Доха се лица кои се таму подолг период поради работа и живот, додека помал број се во транзит или привремено затекнати поради откажани или пренасочени летови.

Таа посочи дека стапила во контакт со македонската амбасада, при што ѝ било пренесено дека катарските власти засега не препорачуваат организирање евакуација од територијата на Катар.

„Катарските власти не само што не препорачуваат, туку и инсистираат засега да не се организира евакуација, особено не преку соседни држави. Тие гарантираат дека состојбата е безбедна. Во моментов, во македонската амбасада во Катар се пријавуваме само за евиденција, а не за евакуација“, изјави Николовска.

Таа додаде дека ситуацијата внимателно се следи и дека евентуалните одлуки ќе зависат од понатамошниот развој на безбедносните околности.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК

20/09/2026
Македонија

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер

20/09/2026
Македонија

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да

20/09/2026
Македонија

СЛУШНАЛ ВРЕСОЦИ И ТРГНАЛ ПО СИНОТ ВО КАЊОНОТ Таткото загина

20/09/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДА ЗА ФОТЕЛЈИ Димитриевски даде отчет

20/09/2026
Македонија

СУДАР КАЈ „ТУЛАНАТА“ НА ПАТОТ БИТОЛА-ПРИЛЕП ОДНЕСЕ ЖИВОТ НА ТИНЕЈЏЕРКА

20/09/2026
Македонија

САКАЛ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД МАКЕДОНИЈА КАКО „ИТАЛИЈАНЕЦ“ Со себе имал

20/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ НА БЈБ ЧЕШЛА КРАЈ СТРУГА Во Радожда контролирале

20/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45694
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК ДОЖД До среда ќе дува

20/09/2026

Времето в понеделник, 20 септември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер го пренел по пријава од

20/09/2026

Граѓани околу 14.30 часот пријавиле дека на Шар Планина забележале лице кое не покажувало знаци на живот, по што била

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да ги испита фотките и изјавата

20/09/2026

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков најави дека денеска ќе поднесе кривична пријава против Јон Фрчкоски од СДСМ и непознати лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy