Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ранѓеловиќ за 4TV.mk: Наместо бланко поддршка за војни, Македонија треба да избере внимателна и мирољубива дипломатија
Македонија

Ранѓеловиќ за 4TV.mk: Наместо бланко поддршка за војни, Македонија треба да избере внимателна и мирољубива дипломатија

03/03/2026

AA

Политикологот Иво Ранѓеловиќ во гостување во емисијата Ноќно студио на 4TV.mk оцени дека дел од светот, вклучително и Македонија, избрзал со јасни и безрезервни позиции во однос на актуелните воени конфликти, наместо да демонстрира повнимателен дипломатски пристап.

„Не само ние, мислам дека добар дел од светот избрза. Не можам да поверувам како обичен граѓанин дека може политичар на функција, од било која држава, да излезе и да оправдува било каква воена инвазија и агресија“, изјави Ранѓеловиќ.

Според него, оправдувањето на војна не е ниту човечки, ниту политички оправдано, особено доколку државата нема директна политичка нужност или стратешки интерес да се вклучи со јасна страна. Тој нагласи дека Македонија, како мала држава со ограничено влијание на глобалната сцена, треба да биде особено внимателна во услови на „рекомпонирање на светскиот поредок“ и создавање на нов мултиполарен свет.

„Во најмала рака треба да сме внимателни. Не гледам потреба да се дава бланко поддршка – не само кон САД, туку кон било која држава. Дипломатскиот дискурс треба да биде поинаков, повнимателен, можеби не толку воздржан колку неодреден, односно покултурен“, смета Ранѓеловиќ.

Тој потенцира дека успехот на дипломатијата не се мери преку поддршка на воена доминација, туку преку способноста да се предвидат долгорочните последици од одредена воена интервенција.

„Успехот е да ги предвидите последиците. Што ќе донесе таа воена агресија на долг рок? Врз основа на тоа треба да се засноваат и нашите изјави и нашата надворешна политика“, истакна тој.

Во своето излагање, Ранѓеловиќ направи паралела со повеќе воени интервенции во изминатите децении, вклучително и агресијата на Русија врз Украина, како и интервенциите на САД во Ирак, Либија и поранешна Југославија. Според него, ниту една агресија не треба да се оправдува, особено од држави кои не се директно засегнати.

Тој изрази сомнеж дека безрезервната поддршка кон одредени глобални актери ќе резултира со конкретна и долгорочна корист за Македонија, оценувајќи дека изборот на страна не секогаш носи политички бенефит.

„Не сум сигурен дека за таа поддршка што ја даваме ќе добиеме соодветен поврат. Во новиот мултиполарен свет се отвораат вакууми и нови сојузи, но не сум убеден дека избирањето страна автоматски значи успех“, заклучи Ранѓеловиќ, повикувајќи на поодмерена и стратешки поставена надворешна политика.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy