Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Василевски за 4TV.mk: Иранската нуклеарна програма не е од вчера, корените се во 50-тите со помош на САД
Македонија

Василевски за 4TV.mk: Иранската нуклеарна програма не е од вчера, корените се во 50-тите со помош на САД

03/03/2026

AA

Пензионираниот полковник и поранешниот шеф на военото разузнавање, Горан Василевски, во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV.mk, анализираше дека е тешко со сигурност да се потврди до каде е стигнат воениот капацитет на Иран, но потсети дека основата на нивната програма е производ на западна поддршка.

Василевски потсетува дека иранското нуклеарно прашање има длабока историска генеза која датира уште од средината на минатиот век.

Тој посочува дека иранската нуклеарна програма не е нов феномен, ниту пак закана која настанала преку ноќ.

„Мора да кажеме дека нуклеарната програма во Иран започна уште од 50-тите години на минатиот век. Тоа не е нешто ново. Впрочем, во тие 50-ти и 60-ти години, токму со американска помош Иран почна да ја развива таа програма“, истакна Василевски.

Тој појаснува дека по низата политички пресврти – од соборувањето на шахот Реза Пахлави до Иранската револуција во 1979 година и доаѓањето на Хомеини на власт – поддршката од Западот престанува. Во тој момент, Иран го менува правецот и се свртува кон стратешка соработка со Русија и Пакистан.

На прашањето дали Иран навистина поседува нуклеарна бомба, поранешниот прв разузнавач вели дека таквите информации се најстрого чувана тајна во секоја држава.

„Многу е тешко да се каже до каде се стасани. Тоа се строго чувани тајни. На пример, за Израел официјално се тврди дека нема нуклеарен арсенал, додека многу извори велат дека располагаат со значителен арсенал. Не може со сигурност да се тврди“, вели тој.

Василевски потсети дека Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) долго време вршеше контроли и официјално утврди дека програмата се развива за цивилни, а не за воени цели. Сепак, со оглед на актуелните напади, дилемите за вистинската намена на овие капацитети остануваат во фокусот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
Македонија

Промена на времето: Во сабота дожд, грмежи и засилен северен

11/09/2026
Македонија

Повеќе од дваесет дуќани изгореа во пожар во Шуто Оризари

11/09/2026
Македонија

Бројот на автомобили за 10 години пораснал за 60 отсто,

11/09/2026
Македонија

Пронајден и казнет мажот кој фрлаше ѓубре во Радика

11/09/2026
Македонија

Јакимовски сè уште е во „Шутка“, ја чека писмената одлука

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45638
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат, секогаш има и други законски

11/09/2026

Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески не се согласува со оценките дека судовите носат одлуки под притисок или под влијание на

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани „Ц“ и „Д“ категории

11/09/2026

Повеќе локации низ земјава денеска се предмет на полициски претреси во рамки на координирана акција на Министерството за внатрешни работи,

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие бркате, затворате, тие ги пуштаат

11/09/2026

Одлуките на Врховниот суд за укинување на пресудата за случајот „Ласкарци“, како и за предметот против Стевчо Јакимовски, предизвикаа остра

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy