Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Запленети 18 килограми сребрен накит и 180 парфеми на ГП Богородица
Македонија

Запленети 18 килограми сребрен накит и 180 парфеми на ГП Богородица

05/03/2025

AA

Царинските службеници на влез во државата на граничен премин Богородица спречија обид за криумчарење на околу 18 килограми сребрен накит и 180 парфеми од 100 ml со вкупна вредност од 1,18 милиони денари. Против едно лице, косовски државјанин е поднесена и изречена пресуда од надлежен суд. Сребрениот накит и парфемите се откриени при контрола на автомобилот со кој сторителот патувал со својот брачен другар. При извршената контрола, во просторот за резервна гума биле пронајдени 180 машки и женски парфеми, додека во фабричка празнина позади задното седиште и просторот за резервна гума, како и во десната странична фабричка празнина на багажникот биле пронајдени вкупно 26 пакетчиња со вкупно близу 18 килограми сребрен накит (нараквици, обетки, синџирчиња, приврзоци и прстени).

Откриени шест дела на повреда на право на интелектуална сопственост, при што запленети се 1852 парчиња облека, обувки со потписот на Валентино, Прада како и играчки Мерцедес:

Царински службеници на влез во државата на граничен премин Дојран открија три дела на повреда на право на интелектуална сопственост, при што запленети се 789 парчиња облека најголемиот дел со потписот на Валентино и 80 парчиња патики со потписот на Прада и Келвин Клајн.

Мобилен тим заплени 770 парчиња тренерки со потписот на ОYSHO поради сомневање за повреда на право од интелектуална сопственост. Случајот е откриен на царинска испостава Скопје 4 при преглед на стока за увозно царинење.

Мобилен тим заплени 93 сета детски коли Мерцедес, со вредност од 301,7 илјади денари поради основано сомневање за повреда на право од интелектуална сопственост. Случајот е откриен при преглед на стока пријавена за увозно царинење во царинска испостава Тетово.

Во друг случај мобилен тим заплени и 120 парчиња играчки со лого на заштитени трговски марки кои се откриени при преглед на стока за увозно царинење во Царинска испостава Скопје 3.

Царинските службеници и мобилен тим на граничен премин Дојран и на граничен премин Богородица, во три случаи спречија и шверц на близу 300 парчиња облека.

27 штеки цигари без акцизни маркички се пронајдени при контрола на два камиони-кипери со македонски регистарски таблички, пријавени за влез во државата на граничниот премин Меџитлија.  Цигарите се пронајдени во кабините, во фабричка празнина зад возачкото седиште како и под конструкцијата на креветот.

Алуминиумски бандажи и фарови за товарно возило се пронајдени во товарно возило со норвешки регистарски таблички, управуван од македонски државјанин на граничен премин Ново Село.

Македонски државјанин се обидел да шверцува осум делови за товарни возила кои се пронајдени во багажникот на автомобил со македонски регистарски таблички со кој македонски државјанин се пријавил за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Три машини и две маси за пекарска индустрија се пронајдени во товарниот дел на товарно комбе со кое македонски државјанин се пријавил за влез во државата на граничниот премин Ново Село. 

Запленети 43 маси откако мобилен царински тим при контрола на стока пријавена за увозно царинење во царинската испостава Блаце, утврди дека истите не биле опфатени со царински документи.

Во друг случај мобилен, во царински склад, при контрола на стока пријавена за увозно царинење, откри 13 парчиња употребувани кујнски апарати кои не биле пријавени со царинските декларации. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МУЦУНСКИ БАРА ДА НЀ ОЦЕНУВААТ ПО ЗАСЛУГИ Кос порача Скопје

08/10/2026
Македонија

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВЛЕГУВА ВО УЧИЛИШТАТА Десет наставници ќе ги обучуваат

08/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ДОЗВОЛИ БУГАРСКИ ЛЕКАРИ ДА ЈА ПРЕГЛЕДААТ ИВА МИХАЈЛОВА За

08/10/2026
Македонија

АПАРАТИТЕ ЗА ИГРИ НА СРЕЌА БИЛЕ НАБАВЕНИ СО ОДЛУКА НА

08/10/2026
Македонија

ПОСЛУЖИЛ МАЛОЛЕТНИК СО АЛКОХОЛ, ПА ТОЈ СЕ СТЕПАЛ Кривична пријава

08/10/2026
Македонија

ГИ ИСТЕПАЛ СИНОТ, СОПРУГАТА И БРАТОТ Приведен насилен битолчанец

08/10/2026
Македонија

ПРИТВОР И КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВЕ ШЕФИЦИ ОД ЛОТАРИЈА Осомничени

08/10/2026
Македонија

ЛАНИ ИМАЛО 1.000 НОВИ ПАЦИЕНТИ СО РАК НА ДОЈКА На

08/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46055
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МУЦУНСКИ БАРА ДА НЀ ОЦЕНУВААТ ПО ЗАСЛУГИ Кос порача Скопје и Софија да гледаат кон

08/10/2026

Најголема желба на Македонија е нејзиниот пат кон Европската Унија и полноправното членство да биде заснован врз заслугите, а не

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВЛЕГУВА ВО УЧИЛИШТАТА Десет наставници ќе ги обучуваат колегите за нејзина употреба

08/10/2026

Околу 200 наставници од 80 средни училишта поминаа деветмесечна обука за вештачка интелигенција, а на 100-те најуспешни денеска им беа

МАКЕДОНИЈА ДОЗВОЛИ БУГАРСКИ ЛЕКАРИ ДА ЈА ПРЕГЛЕДААТ ИВА МИХАЈЛОВА За Муцунски тоа е гест на

08/10/2026

Македонија е подготвена да дозволи бугарски медицински специјалисти да се запознаат со здравствената состојба и лекувањето на Ива Михајлова, потврди

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy