Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче
Македонија

Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче

05/03/2025

AA

Во Основниот кривичен суд во Скопје, денеска продолжи судскиот процес за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. На рочиштето, одбраната на обвинетиот Љупчо Палевски започна со изведување на докази во обид да ја поткрепи својата верзија на настаните.

На изминатото рочиште беа изведени материјални докази од одбраната на Ѓорчевски, а беше сослушан и сведок на предлог на одбраната на Палевски.

Дел од доказите кои во текот на процесот ги изведе Обвинителството беа сведочења на семејствата на Вања и Панче. Сослушани беа и службени лица, инспектори, познаници и соработници на обвинетиот Љупчо Палевски. Потоа, Обвинителството изведе повеќе материјални докази кои вклучуваа видео-снимки од „Безбеден град“, електронска комуникација на обвинетиот Палевски, предмети собрани од местото на настаните и извештаи од техничка обработка на возилото Рено Кангу.

Според обвинението, Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, се обвинети дека заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАКЕДОНИЈА ДОЗВОЛИ БУГАРСКИ ЛЕКАРИ ДА ЈА ПРЕГЛЕДААТ ИВА МИХАЈЛОВА За

08/10/2026
Македонија

АПАРАТИТЕ ЗА ИГРИ НА СРЕЌА БИЛЕ НАБАВЕНИ СО ОДЛУКА НА

08/10/2026
Македонија

ПОСЛУЖИЛ МАЛОЛЕТНИК СО АЛКОХОЛ, ПА ТОЈ СЕ СТЕПАЛ Кривична пријава

08/10/2026
Македонија

ГИ ИСТЕПАЛ СИНОТ, СОПРУГАТА И БРАТОТ Приведен насилен битолчанец

08/10/2026
Македонија

ПРИТВОР И КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВЕ ШЕФИЦИ ОД ЛОТАРИЈА Осомничени

08/10/2026
Македонија

ЛАНИ ИМАЛО 1.000 НОВИ ПАЦИЕНТИ СО РАК НА ДОЈКА На

08/10/2026
Македонија

НИВНИТЕ СВЕДОЧЕЊА НЕ НАОЃААТ ПОТКРЕПА ВО ОСТАНАТИТЕ ДОКАЗИ Обвинителката Хаџи-Василева

08/10/2026
Македонија

„ЈАС ПЕЧАЛЕВ, НЕВЕСТАТА ГИ ЧУВАШЕ ПАРИТЕ“ Таткото на судијата Ристов

08/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46053
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАКЕДОНИЈА ДОЗВОЛИ БУГАРСКИ ЛЕКАРИ ДА ЈА ПРЕГЛЕДААТ ИВА МИХАЈЛОВА За Муцунски тоа е гест на

08/10/2026

Македонија е подготвена да дозволи бугарски медицински специјалисти да се запознаат со здравствената состојба и лекувањето на Ива Михајлова, потврди

АПАРАТИТЕ ЗА ИГРИ НА СРЕЌА БИЛЕ НАБАВЕНИ СО ОДЛУКА НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА „ЛОТАРИЈА“ Сведок

08/10/2026

Постапката за набавка на ВЛТ терминали во АД „Државна лотарија“ била спроведена врз основа на претходно усвоени планови и одлуки

ПОСЛУЖИЛ МАЛОЛЕТНИК СО АЛКОХОЛ, ПА ТОЈ СЕ СТЕПАЛ Кривична пријава за дебарски угостител

08/10/2026

Угостител од Дебар е кривично пријавен затоа што послужил алкохол на малолетник, кој подоцна пред локалот учествувал во тепачка и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy