Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Заев му дал ултиматум на Ковачевски да се повлече од претседател на СДСМ?!
Македонија

Заев му дал ултиматум на Ковачевски да се повлече од претседател на СДСМ?!

11/01/2024

AA

Димитар Ковачевски ги брои последните денови како премиер во Владата. Но, според избори на ТВ21, се бара од него да го напушти и претседателското столче во СДСМ. Ваков ултиматум до него испратил поранешниот премиер и претседател на партијата Зоран Заев. Ова се неофицијални информации до кои дојде ТВ21, а денеска не успеавме да добиеме одговор на прашањата испратени до Зоран Заев.

Заев и Ковачевски немале комуникација од пред Нова година. Пораката со ултиматум која ја добил Ковачевски била директно испратена од Заев, по што се отворил и сериозен конфликт во актуелното раководство на СДСМ предводено од Ковачевски.

Како што веќе објави ТВ21 пред три месеци, Заев побарал од актуелното раководство на СДСМ да имаат заеднички листи со ДУИ. И не само тоа. Поддршка од сите коалициони партнери кон кандидатот за претседател уште во првиот круг.

Иако е контрадикторно, сепак од ДУИ сметаат дека Заев е најголем кочничар и противник на актуелните преговори меѓу СДСМ и ДУИ за европски фронт.

Партиски извори исто така не информираат дека претставници на СДСМ и ДУИ ги информирале дипломатските претставништва во Македонија дека поранешниот премиер Зоран Заев им прави проблеми во коалицијата. А тие пак испратиле порака до Заев, преку одлуката за Миодраг Дака Давидовиќ кој се најде на црната листа на САД, а во делот на образложението се потенцираа и контактите со Зоран Заев и Драги Рашковски.

Од партиски извори дознаваме дека не е исклучена ниту можноста Заев да излезе и со своја листа на кандидати за пратеници, доколку не успее во намерата да има целосно влијание врз партијата. Исто така се споменува и идејата дека тој може да биде носител во четвртата изборна единица за претстојните парламентарни избори.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора

30/07/2026
Македонија

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026
Македонија

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени

30/07/2026
Македонија

МЗ наложи дополнителна терестичка дезинсекција против комарци во населба Драчево

30/07/2026
Македонија

Вечерва прскање против комарци во Кисела Вода

30/07/2026
Македонија

Локализиран пожарот кај Лешница, интервенираа два ер трактори

30/07/2026
Македонија

ФОТО Граѓаните веќе тргнаа на продолжен викенд за Илинден

30/07/2026
Македонија

Домаќинствата можат да добијат до 30.000 денари субвенции за приклучок

30/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44768
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора да сопре!

30/07/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во своето гостување на МРТ се осврна на динамиката и процедуралните опструкции за време на

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026

По повод претстојните илинденски празнувања, поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, заедно со Светиот архиерејски

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

30/07/2026

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го потврди новиот состав на својот Извршен комитет, соопшти претседателката на Унијата, Марија Митева, оценувајќи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy