Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: „Гарантираната цена“ зависи од движењето на цените – соработуваме со професори кои ги следат маржите
Економија

Ковачевски: „Гарантираната цена“ зависи од движењето на цените – соработуваме со професори кои ги следат маржите

11/01/2024

AA

Дали ќе продолжи да се применува мерката „гарантирани цени“ не зависи само од носењето на Законот за нефер трговски практики, туку од движењето на цените на пазарот, рече премиерот Димитар Ковачевски. 

Според него, цените и маржите се следат, во тој сегмент се соработува со експертската фела, а одлуките се носат зависно од проценката.

Како што напомена Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Клиниката за ортопедски болести, законот за нефер трговски практики во чие изготвување и тој лично учествувал, сигурно ќе оди во процедура. Законот е, нагласи, одличен и со него ќе се ограничи можноста за профитирање на грбот на граѓаните.

– Таа мерка ќе зависи не само од законот за нефер трговски практики, туку и од движењето на цените на пазарот. Ние во Министерството за економија имаме колеги, соработуваме и со професори кои го следат движењето на маржите и на цените во ланецот на продажба, од производство до крајот, и зависно од проценката се носат одлуките дали ќе продолжи или нема да продолжи, а законот сигурно ќе оди во процедура. Јас лично имам учествувано во правењето на тој закон и сметам дека е одличен закон во кој ќе се ограничи можноста за профитирање на грбот на граѓаните – подвлече премиерот.  

Откако на 20 септември 2023 година стапи во сила, мерката „гарантирана цена“ продолжи да важи до крајот на 2023 година, наместо до 30 ноември, како што првично беше предвидено. Потоа, министерот за економија Крешник Бектеши најави дека мерката ќе се применува и во јануари 2024-та, односно до донесувањето на законот за нефер трговски практики. Меѓу производите опфатени со „гарантираната цена“ се стандардните типови леб, брашно, ориз, млеко и јогурт, дел од месото и млечните производи, јајцата, безалкохолните пијалаци, пивото и флашираната вода, бисквитите, наполитанките, овошјето, зеленчукот… 

Тие, согласно владината одлука, треба да имаат 10 отсто пониски цени во однос на цените што важеле за нив во маркетите на 1 август 2023.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ

09/11/2026
Македонија

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои

09/11/2026
Македонија

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три

09/11/2026
Македонија

ОПШТИНАТА НЕ Е СПОСОБНА ДА СЕ СПРАВИ СО КРАВИТЕ, ПА

09/11/2026
Македонија

ГИ ГРАДИМЕ ТЕМЕЛИТЕ ЗА СЛЕДНИТЕ ПОБЕДИ Мицкоски на прослава на

09/11/2026
Македонија

ДО ВИКЕНД ТОПЛО И ДОЖДЛИВО, СО ТЕМПЕРАТУРИ НАД 20 СТЕПЕНИ

09/11/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ БИТ-ПАЗАР Гори магацин, огнот го гаснат со

09/11/2026
Македонија

ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ СЕ ПОЧИТУВА ВО ИЈЗ, ДУИ НАПАЃА ОД

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46685
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ РЕДОВНИ ИЗБОРИ Гаши уверен дека

09/11/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека партиите треба да седнат на разговор за измените на Законот за јавните набавки,

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои работи отидоа предалеку

09/11/2026

Претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека Европската Унија сторила неправда кон Македонија со тоа што по потпишувањето на Преспанскиот

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три куќи, гаснеле 22 пожарникари

09/11/2026

Пожарот што избувна попладнево кај Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола. Во интервенцијата учествуваа 9 противпожарни возила и 22

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy