ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ БИТ-ПАЗАР Гори магацин, огнот го гаснат со 6 возила
Голњм пожар избувна попладнево во објект кој се користи како куќа и магацин во близина на Бит-пазар во Скопје.
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека на пожарникарите се на терен.
„Во близина на Бит-пазар гори куќа, односно магацин, а во моментов Противпожарната бригада на Град Скопје интервенира со 6 противпожарни возила“, соопштија од ЦУК за ТВ21.
Засега нема информации за причините за избувнувањето на пожарот, ниту за евентуални повредени лица или причинета материјална штета.
Од ЦУК најавуваат дека повеќе детали ќе бидат соопштени по завршувањето на интервенцијата.
.
Извор: plusinfo.mk