Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 За прв пат електронски ќе бидат тестирани за ТИМСС околу 4.500 ученици
Македонија

За прв пат електронски ќе бидат тестирани за ТИМСС околу 4.500 ученици

11/03/2023

AA

Во април и во мај, околу 4.500 ученици од Македонија годинава за прв пат електронски ќе бидат тестирани за да се види какви им се знаењата по предметот математика и по други предмети од областа на природните науки, информираат за Мета.мк од Државниот испитен центар (ДИЦ). ТИМСС (Trends in International Mathematics and Science Study) е меѓународната студија по математика и предмети од природни науки која ги мери знаењата во овие области во четврто и во осмо одделение.

„Република Северна Македонија е вклучена во 4 меѓународни студии: ПИСА, ТИМСС, ПИРЛС и ТАЛИС. Согласно динамиката на реализација на циклусите на овие студии оваа учебна година Државниот испитен центар за прв пат електронски ќе го спроведе ТИМСС главното тестирање во четврто одделение во 150 основни училишта на примерок од околу 4.500 ученици. Во тек се подготовки на истото“, велат во Државниот испитен центар.

Точно пред една година, во наши училишта се одржа пробно ТИМСС тестирање, наменето за ученици во четврто одделение. За прв пат беше изведено на компјутер, а за таа намена ДИЦ обезбеди повеќе од 100 лаптопи за да може да се одговори на барањата од технички аспект.

Македонија учествува и во ПИСА меѓународната студија. Главното тестирање во сите средни училишта на примерок од околу 6.500 ученици се реализираше минатата година за прв пат електронски. Резултатите ќе бидат објавени на крајот на оваа година.

ПИСА (Programe for International Student Assessment) е меѓународна студија која ги проценува способностите, знаењата и вештините на учениците во примена на она што го научиле во училиште. Се оценуваат три подрачја, оспособеност за читање со разбирање и критички пристап во читањето на пишани материјали, математичка писменост и писменост во природните науки.

Инаку, минатата година во март Мета.мк објави дека за прв пат во државата, ќе биде оценувана работата на наставниците и на директорите на училиштата, како дел од ТАЛИС истражувањето. ДИЦ за Мета.мк вели дека периодов во тек е реализација на пробното ТАЛИС истражување.

„Со него се опфатени по 30 наставници и директорите од 30 основни училишта. Идната година ќе се реализира главното истражување, по што ќе следува опсежен извештај за сите држави ученици во студијата“, информираат оттаму.

ТАЛИС е меѓународно истражување на ОЕЦД за настава и учење. Ќе се испитува како работат наставниците и директорите на училиштата во државата, за да се подобри квалитетот на нивната работа. Целта е да се види реалната состојба и врз основа на тоа да се работи на подобрување на квалитетот на работата на наставниците. Од работата и резултатите на наставниците, зависат знаењата кои учениците ги покажуваат на меѓународните истражувања.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Австралија со предупредување за патување во Македонија поради Западнонилската треска

02/09/2026
Македонија

Запленети 4.000 метри мрежи и 117 килограми риба од Охридското

02/09/2026
Македонија

Поскапеа меѓуградските автобуски билети

02/09/2026
Македонија

ВИДЕО Хозе Карерас ја пееше „Едно име имаме“ со македонските

01/09/2026
Македонија

ПОЖАРОТ КАЈ ШТИПСКО СЕЛЦЕ ПОД КОНТРОЛА: Ветерот ги загрози викендиците,

01/09/2026
Македонија

ОЈО Скопје бара притвор за 19-годишник: Со нож избодел дете

01/09/2026
Македонија

Кој ќе одговара за хаосот во Маџир Маало? Две бомби

01/09/2026
Македонија

Обвинителството објави прислушувани разговори за судијата Ѓоко Ристов

01/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45388
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Австралија со предупредување за патување во Македонија поради Западнонилската треска

02/09/2026

Австралија ги предупредува своите граѓани кои планираат патување во Македонија да преземат дополнителни мерки за заштита од комарци поради регистрираните

Запленети 4.000 метри мрежи и 117 килограми риба од Охридското Езеро

02/09/2026

На 01.09.2026, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро во водите на Охридското езеро извршија акциски контроли

Поскапеа меѓуградските автобуски билети

02/09/2026

Меѓуградскиот автобуски превоз во Македонија повторно поскапува, што дополнително ќе го оптовари буџетот на граѓаните кои секојдневно патуваат меѓу градовите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy