Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Вулканот Килауеа на Хаваите еруптираше по речиси два месеци мирување
Македонија

Вулканот Килауеа на Хаваите еруптираше по речиси два месеци мирување

11/09/2023

AA

Килауеа, еден од најактивните вулкани во светот, почна да еруптира по двомесечна пауза на Хаваите. Светлечка лава се појави од кратерот, кој е на безбедно растојание од луѓето во националниот парк на Големиот остров, објави Асошиејтед прес (АП).

Хавајската опсерваторија на вулканите соопшти дека ерупцијата била забележана во попладневните часови на врвот Килауеа.

Опсерваторијата додаде дека гасовите ослободени од ерупцијата ќе предизвикаат вулкански смог надолу од Килауеа. Луѓето кои живеат во близина на националниот парк треба да се обидат да ги избегнат вулканските честички фрлени во воздухот од ерупцијата.

Нивото на тревога за опасност од вулканот беше зголемено на црвено додека научниците ја проценуваат ерупцијата и придружните опасности.

Во јуни, Килауеа еруптираше неколку недели со фонтани од црвена лава без да претставува непосредна закана.

Толпи луѓе вчера се собраа во Националниот парк „Хаваи вулкани“ на Големиот остров, кој понуди безбеден поглед на лавата.Килауеа, вториот по големина вулкан на Хаваите, еруптираше од септември 2021 година до декември минатата година. Ерупцијата на Килауеа во 2018 година уништи повеќе од 700 домови.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27

29/09/2026
Македонија

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е

29/09/2026
Македонија

ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Е ИНВЕСТИЦИЈА ВО СОПСТВЕНАТА БЕЗБЕДНОСТ Муцунски со

29/09/2026
Македонија

СВЕЧЕНО ЗАКОПУВАЊЕ НА „ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ“ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРИНЦИПИ НА ЈУГОТ

29/09/2026
Македонија

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на

29/09/2026
Македонија

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА

29/09/2026
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45876
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy