Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е ставовите да ги соопштувате од Халкидики
Македонија

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е ставовите да ги соопштувате од Халкидики

29/09/2026

AA

Проф. д-р Андреј Петров, гостувајќи во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, зборуваше за критиките кон иницијативата во која учествува, како и за обвинувањата дека станува збор за неформално организирање надвор од партиските структури.

Петров ги отфрли оценките дека иницијативата се темели на недемократски принципи, посочувајќи дека, според него, токму спротивното се случува во актуелните партиски процеси.

Тој потсети дека во минатото во СДСМ постоеле ситуации во кои локалните организации можеле да носат одлуки, да се спротивстават на партиското раководство и самостојно да ги застапуваат своите ставови.

– Ние сме се повлекувале кога сме гледале дека луѓето се убедени во нешто. Не била таква партија, не била партија во која треба да се почитува гласот на еден човек – рече Петров.

Според него, проблемот е поширок, а одговорност имаат сите кои во минатото извршувале високи функции во партијата.

Петров смета дека доколку некој смета дека одредени работи не се прават добро, критиката треба да биде отворена и директна.

– Ако нешто не чини, тоа што не чини треба да се каже, треба да се каже отворено и треба да се каже во очи – истакна тој.

Тој објасни дека членовите на иницијативата, пред јавно да ги изнесат своите ставови, претходно разговарале меѓусебно, но и со други луѓе, но не успеале да постигнат разбирање.

Петров се осврна и на квалификациите дека станува збор за таканаречена „хотелска коалиција“.

Според него, нема ништо невообичаено во тоа политичари и други јавни личности да се среќаваат во хотели, ресторани или други јавни места за да разговараат или да организираат конференции.

– Логично е во хотели да се сретнеш, да разговараш, да направиш конференција, тоа е културно – рече Петров.

Но, тој направи разлика меѓу самите средби и начинот на кој политичарите ги претставуваат своите ставови во јавноста.

– Она што е некултурно е да ги соопштуваш своите ставови од Халкидики – рече Петров.

Во емисијата „Ноќно студио“ Петров зборуваше и за изборниот резултат на СДСМ на локалните избори, оценувајќи дека освоените 125.000 гласови за него претставуваат „шокантно ниско ниво“.

– За мене беше шокантно ниско нивото на изборниот резултат на локалните избори. 125.000 гласа да ми кажал некој пред 15 години дека може да има СДСМ, ќе сум се смеел, ќе сум мислел дека тоа е некаква шега – рече Петров.

Тој посочи дека, според него, токму луѓето кои со години и децении се дел од СДСМ треба да иницираат промени во партијата.

– Општеството бара сите сили да се мобилизираат, ако не го направиме тоа ние кои сме биле низ генерации, низ децении во СДСМ, кој друг би очекувале тоа да го направи? Ние сме цврсто убедени дека со заеднички сили можеме да ги промениме и затоа инициравме една дискусија, една платформа која не беше насочена спрема никого – рече Петров.

Тој оцени и дека СДСМ се соочува со сериозен пад на поддршката и дека, според него, промената на раководството би можела да создаде услови за побрзо закрепнување на партијата.

– Евидентно е дека ќе се случи катаклизма, на сите анкети СДСМ е 7,5, 8%, затоа што побрзо дојде до промена, шансите се побрзо да закрепне и СДСМ, меѓутоа и едно здраво раководство на СДСМ да агрегира една силна опозиција околу себе, разговарајќи со сите – рече Петров.

Петров во емисијата го критикуваше и вокабуларот кој, како што рече, се користи во политичките пресметки во СДСМ. Тој се осврна на изјавата дека луѓето кои се собрале во иницијативата биле „шизофреници“.

– СДСМ никогаш не бил познат по низок вокабулар на однесување. На што личи тоа, пред некој ден, „Овие се шизофреници што се собрале“, за луѓе кои носеле товар 20-тина години да употребиш таков термин? И не му се лутам, човекот е залутан во оваа работа, не е за тоа, тоа е вокабулар кој дополнително го руинира СДСМ – рече Петров.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕВРЕМЕ СО ГРМЕЖИ И ПОРОЕН ДОЖД, ПОТОА НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ На

10/10/2026
Македонија

ПОЛИЦАЕЦ АЛБАНЕЦ ОД КРИМИНАЛИСТИЧКАТА ПОЛИЦИЈА ПОСОЧЕН КАКО ГЛАВЕН ТЕПАЧ Се

10/10/2026
Македонија

ДА ЈА ВРАТИМЕ ДРЖАВАТА ВО СЛУЖБА НА НАРОДОТ Филипче од

10/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА СВЕТИ ВО ЗЕЛЕНО ЗА НОВ ЖИВОТ Објекти низ државата

10/10/2026
Македонија

„DIE TAGESPOST“ ЈА ЦИТИРА МАКЕДОНСКАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА Пред да се прошири

10/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ СЕ РАДУВА ШТО ПОЧНАЛ ДИЈАЛОГОТ СО БУГАРИЈА Прмиерот очекува

10/10/2026
Македонија

ПИТА ДОЛГА 4,4 МЕТРИ ЈА ОТВОРИ „ПИТИЈАДА“ ВО ВЕЛЕС Џиновскиот

10/10/2026
Македонија

УАПСЕНИ ДИРЕКТОР И ВРАБОТЕНА ВО „НАЦИОНАЛНИ ШУМИ“ Одземени камиони и

10/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46099
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕВРЕМЕ СО ГРМЕЖИ И ПОРОЕН ДОЖД, ПОТОА НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ На повисоките планини можен и снег

10/10/2026

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и

ПОЛИЦАЕЦ АЛБАНЕЦ ОД КРИМИНАЛИСТИЧКАТА ПОЛИЦИЈА ПОСОЧЕН КАКО ГЛАВЕН ТЕПАЧ Се очекува санкција за случајот со

10/10/2026

Полициски службеник од албанска националност, припадник на криминалистичката полиција, е посочен како главен учесник во наводното физичко малтретирање на двајца

ДА ЈА ВРАТИМЕ ДРЖАВАТА ВО СЛУЖБА НА НАРОДОТ Филипче од маршот за 11 Октомври порача

10/10/2026

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на маршот во Прилеп по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, под

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy