Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВУЧИЌ: Никој нема да ми наредува, ниту од Москва, ниту од Вашингтон
Регион

ВУЧИЌ: Никој нема да ми наредува, ниту од Москва, ниту од Вашингтон

07/02/2024

AA

Никој нема да ми наредува, ниту од Москва, ниту од Вашингтон, ниту од Берлин, вели српскиот претседател Александар Вучиќ. 

Кажа дека ниту еден од функционерите на странски држави нема политичко влијание врз него, премиерот и претседателот на парламентот, дури ниту од Русија.

На заедничката прес-конференција со германскиот министер за одбрана Борис Писториус, тој вели дека е горд што претставува земја која, како што нагласи, е слободна и независна.

„Што се однесува до руското влијание, да бидам многу јасен… економското влијание е неспоредливо помало од германското, што се однесува до политичкото влијание, не можам да зборувам за сите актери, можеби врз некои имаат можеби немаат влијание на некои, на премиерот, на собранието и на републиката, никој освен граѓаните на Србија нема никакво влијание“, објасни Вучиќ.

Тој повтори дека никој не може да му нареди и дека, како што рече, „ниту од Вашингтон, ниту од Москва, Берлин или од кое било друго место“. Потсети и дека Србија сака да биде на европскиот пат и му се заблагодари на германскиот министер за искрените ставови.

Вучиќ рече дека Русите кои се во Србија главно се ориентирани против претседателот Владимир Путин и дека, како што оцени, интересно е што Украинците во Србија се претежно „многу повеќе ориентирани во корист на Путин“.

„Тоа не е голема бројка, ги има некаде околу 45.000 до 50.000“, рече српскиот претседател, пренесуваат тамошните медиуми.

Oткако почна војната во Украина, 370.000 Руси дојдоа во Србија и го сменија пазарот на труд. 

Агенцијата за деловни регистри во Србија објави дека руските државјани регистрирале околу 9.000 нови фирми во Србија до крајот на 2023 година. Во 2022 година имало 6.000 нови регистрации, а нивниот број во 2021 година бил помалку од 2.000.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар

12/08/2026
Македонија

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази

12/08/2026
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44975
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар приведени откако се обиделе да

12/08/2026

Полициски службеници во Гостивар вчера околу 13:30 часот го лишиле од слобода 86-годишниот Т.С. и неговиот 60-годишен син М.С. од

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел

12/08/2026

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и Центарот за јавно здравје Скопје официјално прогласија епидемија на Западнонилска треска во повеќе општини

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и локално невреме

12/08/2026

Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy