Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Борел спроведен во засолниште: Високиот претставник утрото го дочека на необичен начин!
Македонија

Борел спроведен во засолниште: Високиот претставник утрото го дочека на необичен начин!

07/02/2024

AA

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Јосеп Борељ, кој е во посета на Киев, денеска на мрежата „Х“ објави дека денот го започнал во засолниште среде воздушен аларм, поради руски ракетен напад. во кој луѓе беа ранети и оштетени згради во повеќе делови на Украина.

Ова е секојдневната реалност на храбриот украински народ, откако Русија ја започна својата нелегална агресија, рече Борељ.

Борељ истакна дека Украина, додека се бори против рускиот агресор, ја обновува својата земја, а Европа и помага во оваа тешка задача.

Според него, на Украина и биле предадени системи за отстранување мини, што ќе ја направи опасната задача за деминирање побезбедна и поефикасна.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави на мрежата Телеграм дека е погодена висококатница, а најмалку девет лица се повредени во два различни квартови на главниот град на Украина.

Нападите го прекинаа снабдувањето со електрична енергија во некои делови на Киев.

Во јужниот град Николаев, најмалку едно лице е повредено во руските напади, оштетени се 20 станбени згради, мрежи за гас и вода, потврди градоначалникот Олександр Сенкевич, пренесува Гласот на Америка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ѓорѓиевски: Водата во Скопје е меѓу најбезбедните, ширењето паника е

12/08/2026
Македонија

По одбивањето за продолжување на прекинот на казната, тој не

12/08/2026
Македонија

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар

12/08/2026
Македонија

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази

12/08/2026
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44977
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy