Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВУЧИЌ ГИ „ИЗГУБИ“ НЕРВИТЕ НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈАТА: „Татко ти е криминалец“
Регион

ВУЧИЌ ГИ „ИЗГУБИ“ НЕРВИТЕ НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈАТА: „Татко ти е криминалец“

18/06/2023

AA

Претседателот на
Србија, Александар Вучиќ, по вчерашните масовни протести кои беа организирани
во Белград, Нови Сад, Ниш и Крагуевац, денеска во 10 часот најави вонредно
обраќање до јавноста. Но, тој во својот говор утринава ниту еднаш не се осврна
на протестните собири, туку најчесто зборуваше за Косово, а нешто помалку за
поплавите во Србија.

„Веќе долги
години на секој можен начин се обидувам да ги зачувам мирот, стабилноста и
економскиот напредок. Нашата земја даде сè за да биде така. Дали некој сака да
го слушне тоа или не, тоа се факти и податоци. Без разлика колку се трудиме да
бидеме сериозен и одговорен партнер, на европскиот пат сме, но никогаш така не
не гледаа. Ако не постапивме по нивното барање безусловно и без прашање, бевме
виновни.

Вучиќ рече и дека
„Канцеларијата за Косово и Метохија го добила документот на ЕУЛЕКС“. „Знаете што
пишува? Па ништо. Ни го напишаа тоа што е напишано во четири члена од
таканаречените закони на Приштина и немаат поим. Ја следеа бирократската форма.
Навистина не им е гајле за Србите. “, рече Вучиќ, а потоа меѓу другото додаде:

„Ги уапсија
Спасиќ и Влашковиќ за наводен напад на новинари. Погледнете што прават – Курти
создава криминална ситуација во која ги малтретира сите граѓани од српска
националност. Мислев дека тоа го прави сам, сега знам дека поддршка од одредени
западни земји. Внесува некои идиоти кои не прават ништо немаат легитимитет со
еден процент во Лепосавиќ. Тие носат еден куп нивни новинари за да го
испровоцираат народот таму“.

„И тогаш ни велат
„не се мешај, ЕУЛЕКС следи“. Што следите вие, лажговци? Единствено што сакате
да следите е како се протеруваат Србите“, рече Вучиќ. Тој вели и дека во
последните пет дена бил под голем притисок поради апсењето на косовските
специјалци на територијата на Србија.

Во врска со
неодамнешното апсење на Милун Миленковиќ Лунет на северот на Косово, Вучиќ
наведува дека премиерот на Косово Албин Курти и министерот за внатрешни работи
Џељај Свеќља велат дека тој е „криминалец“. „Татко ти е криминалец, и на тебе
Курти и на тебе Свеќља. Срам да да ви е.”, изјави Вучиќ.

„Што се однесува
до нашите одлуки, ние самите ќе ги донесеме, нема да се консултираме со никого.
Ќе го почитуваме само она што му го ветив на НАТО. Немаме обврски кон никој
друг. Што се однесува до дијалогот, тој е целосно бесмислен. Додека не научат
да разговараат, тие самите нека разговараат“, рече Вучиќ.

ФОТО: Printscreen Instagram/Budućnost Srbije

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy