Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Вработените од „Флораком“ и „Луна“ на протест – ќе останат на улица сѐ додека не добијат плата!
Македонија

Вработените од „Флораком“ и „Луна“ на протест – ќе останат на улица сѐ додека не добијат плата!

02/10/2025

AA

Вработените во фирмите-ќерки „Флораком“ и „Луна“, кои се дел од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, и денеска ја блокираа улицата Илинденска. И покрај вчерашната исплата на платите за нивните колеги од матичното претпријатие, околу седумдесетмината вработени во „Флораком“ и „Луна“ останаа без августовската плата и, што е најзагрижувачко, без здравствено осигурување.

По тридневни протести и блокади, вработените од „Паркови и зеленило“ вчера ја добија својата плата. Сепак, овој успех не ги опфати и работниците од двете ДООЕЛ претпријатија. Денешната дводневна блокада беше одржана на дожд, а демонстрантите се категорични: ќе останат на улица сѐ додека не добијат исплата.

Претседателот на Синдикатот за комунално стопанство (СУТКОЗ), Стојанче Кашиковски, предупреди дека протестите ќе продолжат и во наредните денови доколку не се реши проблемот со платите.

„Доколку и денес не биде исплатена платата за месец август, ќе продолжиме со протест. Најголем проблем е што вработените од ДООЕЛ ‘Флораком’ и ДООЕЛ ‘Луна’ од вчерашниот ден се оставени и без здравствено осигурување“, изјави Кашиковски.

Тој ја потенцираше итната ситуација, нагласувајќи дека во двете фирми има голем број вработени кои се хронично болни.

„Како што напомнавме во повеќе наврати, овие лица не можат да ја земат својата редовна терапија поради тоа што останаа без здравствено покритие“, додаде претседателот на СУТКОЗ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026
Македонија

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди

26/07/2026
Македонија

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026
Македонија

„И Здравје и Работа“: Доста е од дезинформации – време

26/07/2026
Македонија

Пронајдени човечки останки кај македонско-албанската граница

26/07/2026
Македонија

Мицкоски: Скопје памети, Македонија не заборава – вечен спомен за

26/07/2026
Македонија

Приведени осум лица – при преглед кај нив е пронајдена

26/07/2026
Македонија

Хорор во скопско село: Ја фатил мајка си низ прозорецот

26/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44677
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изрази сериозна загриженост поради последните инциденти со дронови во Романија и

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди своето прво дете

26/07/2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р Органџиски“ успешно била реализирана сложена

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026

Стотици жители на Гостивар побарале лекарска помош поради стомачни тегоби неколку дена пред надлежните официјално да прогласат епидемија, покажуваат податоците

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy