Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Половина од младите до 18 години во Македонија се пушачи – започнуваат уште од 13-годишна возраст!
Македонија

Половина од младите до 18 години во Македонија се пушачи – започнуваат уште од 13-годишна возраст!

02/10/2025

AA

Половина од младите до 18 години во Македонија се пушачи, алармира најновото истражување. Истото покажува дека најголем дел од нив започнуваат со пушење уште на 13-годишна возраст. Организацијата бара итна реакција од институциите, вклучувајќи построга контрола и зголемување на даноците за новите тутунски производи.

Новото истражување на „Аналитика“ открива загрижувачка слика: 40% од младите до 18 години се активни пушачи. Овој висок процент го потврдува статусот на Македонија како земја со една од највисоките стапки на пушачи во светот, каде според Институтот за јавно здравје, 45,4% од целокупното население пуши.

Тамара Миовиќ-Спасова од „Think Tank Аналитика“ повикува на итно преиспитување на законските мерки. Според неа, неопходно е поголемо почитување на законската регулатива што ја забранува продажбата на тутунски производи на малолетници.

„Нашите анализи покажуваат дека кај младите до 18 години, купувањето не им се забранува. Потребно е поголемо почитување на законот“, нагласи Миовиќ-Спасова.

Дополнително, „Аналитика“ сугерира и фискални мерки, особено за новите производи кои стануваат сѐ попопуларни кај младите, како што се електронските цигари.

„Овие производи сѐ уште имаат ниски цени, па затоа има простор за зголемување на акцизата. Со тоа би станале помалку достапни за младите“, објасни таа.

Од „Аналитика“ нагласуваат дека новите методи на пушење се штетни и мора да бидат опфатени со Законот за заштита од пушење исто како и класичниот тутун.

Одржаната работилница, на која беа презентирани податоците, испрати апел до целото општество. Со оглед на тоа што само 5% од граѓаните успешно се откажале од пушењето во последните години, експертите сметаат дека е клучно да се даваат позитивни примери за да можат младите да разберат колку е штетна оваа навика и воопшто да не започнат со неа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

УСТАВНИ ИЗМЕНИ САМО СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО Така Македнија би добила

17/09/2026
Македонија

📽️ НЕМА ИМПРОВИЗАЦИИ, ОВАА ВЛАДА ИСПОРАЧУВА Партнерството со САД е

17/09/2026
Македонија

СМЕНЕТА ЦЕЛА ЕДИНИЦА НА БЈБ ВО КУМАНОВО ЗА БОРБА ПРОТИВ

17/09/2026
Македонија

ЗДРУЖЕНИЕТО ОМО – ИЛИНДЕН ПИРИН EКСПРЕСНО Ѝ ОДГОВОРИ НА ЈОТОВА

17/09/2026
Македонија

СТРАТЕГИЈАТА ЗА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЌЕ БИДЕ ГОТОВА ДО КРАЈОТ НА

17/09/2026
Македонија

38-ГОДИШНАТА М.И.Б ОД СКОПЈЕ Е ЖЕНАТА ШТО ФРЛИ ЃУБРЕ ВО

17/09/2026
Македонија

ДЗР УТВРДИ ДЕКА СЈО ИСПЛАЌАЛО ПЛАТИ И НАДОМЕСТОЦИ СПРОТИВНО НА

17/09/2026
Македонија

„ДОЦНА МИ Е ДА ГО БАРАМ КНИГОВОДИТЕЛОТ, ЌЕ ВИ ЈА

17/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45652
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

УСТАВНИ ИЗМЕНИ САМО СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО Така Македнија би добила гаранции дека нема да има

17/09/2026

Уставните измени да се донесат веднаш, но нивното дејство да се одложи до крајот на преговорите со Европската Унија. Ова

📽️ НЕМА ИМПРОВИЗАЦИИ, ОВАА ВЛАДА ИСПОРАЧУВА Партнерството со САД е децениско, ќе се зголемува трошењето

17/09/2026

Кога нешто ќе се вети, мора и да се испорача, порача премиерот Христијан Мицкоски во разговор во Атлантскиот совет во

СМЕНЕТА ЦЕЛА ЕДИНИЦА НА БЈБ ВО КУМАНОВО ЗА БОРБА ПРОТИВ ДРОГАТА „Кога резултатите изостануваат, следува

17/09/2026

По единаесет недели од формирањето на Работниот тим за борба против дрогата, констатирани се недоволни резултати. Поради тоа, на предлог

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy