Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Вонредна состојба на Исланд: Постои опасност од вулканска ерупција
Македонија

Вонредна состојба на Исланд: Постои опасност од вулканска ерупција

11/11/2023

AA

Во Исланд е прогласена вонредна состојба поради опасност од вулканска ерупција, јави Франс прес.

Мерката беше воведена вчера по серијата земјотреси на полуостровот Рејкјанес, југозападно од островската држава во северниот дел на Атлантскиот Океан. Ова предизвика страв од вулканска ерупција, за која Исландската метеоролошка служба вели дека може да се случи „во рок од неколку дена“.

Развиени се планови за евакуација на околу 4.000 жители на рибарскиот град Гриндавик.

Во четвртокот, блиската Сина лагуна, популарна туристичка локација позната по своите геотермални минерални извори, беше затворена како мерка на претпазливост.

Главниот град Рејкјавик се наоѓа на околу 40 километри северно. Од крајот на минатиот месец на полуостровот Рејкјанес се регистрирани околу 24.000 земјотреси.

Во Исланд има 33 активни вулкански екосистеми – најмногу во цела Европа, забележува АФП.

Во својата последна ерупција, во 2010 година, вулканот Ејафјордур практично го запре воздушниот сообраќај во Европа, предизвикувајќи откажување на 100.000 летови, блокирајќи 10 милиони патници.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

За 8 Септември привремено се отвора граничниот премин меѓу село

03/09/2026
Македонија

Кај Ристов и неговите родители пронајдени над 1,5 милион евра,

03/09/2026
Македонија

Во телефонот на судијата Ристов пронајдени броеви на Боки 13,

03/09/2026
Македонија

Филипче рече дека Киро Глигоров не е доволно вреднуван во

03/09/2026
Македонија

Македонија за првпат испрати полициски хеликоптер да гасне пожар во

03/09/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: Покрај новите камиони, пристигнуваат и повеќе од 3.300 нови

03/09/2026
Македонија

Чад над Скопје: Има пожар кај село Грачани, гори шума

03/09/2026
Македонија

Синиша Стојаноски нов директор на ГОБ „8 Септември“

03/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45442
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy