ЈА ТЕПАЛЕ И ПАРТНЕРОТ И НЕГОВИТЕ РОДИТЕЛИ Девојка на 19 години од Охридско побарала помош
Девојка на 19 години од Охридско во петокот, 28 ноември пријавила семејно насилство во полицијата. Според нејзината пријава, во нападот учествувале и двајцата родители на нејзиниот невенчан сопруг.
Девојката го пријавила случајот во Секторот за внатрешни работи Охрид во 15:40 часот.
„Во домот на нејзиниот невенчан сопруг Н.Д. во Охрид била физички нападната од него, неговата мајка Л.Д. и неговиот татко З.Д.“, информираше Министерството за внатрешни работи.
.
Извор: plusinfo.mk