Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Билал Касами бара нова химна и ново знаме
Македонија

Билал Касами бара нова химна и ново знаме

11/11/2023

AA

Движењето БЕСА е за што поскоро одржување на парламентарните избори, рече вечерва нејзиниот лидер и градоначалник на Тетово, Билал Касами. Според него, во коалицијата „Европски сојуз за промени“ каде покрај БЕСА се и Алтернатива и Демократско движење, се разговара за претседателски кандидат на државата, но се уште не се спомнува конкретен предлог, ниту нечие име.

Како што истакна Касами во вечерашното гостување на ТВ Сител, гласачите и членството на Алијанса за Албанците (АА) се определени како опозиција и сакаат да бидат дел од промените на претстојните избори. Останува уште, нагласи Кaсами, раководството на оваа партија конечно да ги слушне своите структури. На АА е, додаде, да одлучи дали ќе оди на изборите како опозиција или ќе ја поддржи ДУИ. Во првиот случај може да даде сериозен придонес, а во вториот, рече, ќе остане сама. Во секој случај, оцени лидерот на БЕСА, тоа што АА „им служи на ДУИ и на Владата, е на нејзина штета“.

Касами се осврна и на химната. Потенцира дека е многу важно таа да ја рефлектира реалноста во државата, односно да не се однесува само на Македонците, туку и на останатите етникуми.

-Бараме што побрзи избори. И последниот извштај на Европската комисија е дополнителен доказ дека се потребни што побрзи избори. Оваа Влада навлезе длабоко во коруптивни процеси и не ја интерсира ЕУ. Цениме дека што побрзи избори би биле спас за државата и за евроинтеграцискиот процес. За претседателски кандидат уште не сме одлучиле. За име разговараме, имаме неколку опции, но тоа е и во духот на нашето соединување како три опозициски партии на Албанците. Изборот на потенцијалните кандидати ќе биде во правец на тоа што го имаме зацртано како определба и програмска понуда за следните избори. Внимателни сме во тој дел и покажуваме дека како три партии и лидери немаме индивидуални барања или претензии за некој од нас да биде претседателски кандидат. Тоа ќе биде уште една отворена врата за да придобиеме некоја политичка партија која би сакала да се приклучи на идејата за промени, конечно по 20 години кај Албанците, која е поголема од индивидуалните барања и претензии на кој било од нас. Целта е да се добијат изборите и да дојдат промени за подобро и кај Албанците и во опшптеството генерално, објасни Касами.
Тој е дециден дека во ниту еден случај не злоупотребува етнички чувства на своите сограѓани за да добие, како што рече, глас повеќе.

-Но, верувам и тоа е реалноста. Се додека химната на државата ги повикува Македонците како етникум и се однесува на нив, Албанците не може да се чувствуваат комотно и тоа не го кажувам прв пат. За Албанците да ја чувствуваат химната како своја, мора да бидат дел од неа. Не сме против тоа што химната се однесува на Македонците, туку би требало да се однесува и на Албанците. Ние бараме не само химната, туку сите симболи на државата да ја рефлектираат реалноста. Знамето е класичен пример, иако според мене е неутрално во однос на етникумите, но поради процесот како беше донесено, наметнато во преговорите со Грција, има отпор кај другите етникуми за негово користење како државно. Ако сите треба да ги почитуваме симболите, тогаш државата треба да ги почитува своите граѓани и да го рефлетира мултиетничкиот карактер. Ова сум го кажал јавно како опозиција, но утре кога би бил дел од некоја комбинација, би сакал да седнеме и сериозно да разговараме за овие ситуации полека, јавно и искрено, без позадина, за сите етнички заденици државата да ја чувствуваат како своја и да придонесат за неа.
Како што напомена Касами, „се додека химната се однесува на Македонците како етничка заедница, а не на граѓаните, Албанците, Турците, ние ќе се повикуваме на нашата етничка химна“.

-Сакам тоа да е решено со закон. Има две можности: или државната химна и другите симболи да ја рефлетираат реалноста или, ако се интонира химната која Македонците ја чувствуваат како своја, тогаш во општините каде мнозинство се Албанците, да се инторнира химна која Албанците ја чувствуават како своја, објасни лидерот на БЕСА

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27

29/09/2026
Македонија

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е

29/09/2026
Македонија

ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Е ИНВЕСТИЦИЈА ВО СОПСТВЕНАТА БЕЗБЕДНОСТ Муцунски со

29/09/2026
Македонија

СВЕЧЕНО ЗАКОПУВАЊЕ НА „ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ“ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРИНЦИПИ НА ЈУГОТ

29/09/2026
Македонија

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на

29/09/2026
Македонија

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА

29/09/2026
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45876
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27 СТЕПЕНИ Есента покажува различни лица

29/09/2026

Под влијание на поле со висок воздушен притисок, Македонија ја очекува период на релативно стабилно време, но утрата ќе стануваат

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е ставовите да ги соопштувате од

29/09/2026

Проф. д-р Андреј Петров, гостувајќи во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, зборуваше за критиките кон иницијативата во која учествува, како

ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Е ИНВЕСТИЦИЈА ВО СОПСТВЕНАТА БЕЗБЕДНОСТ Муцунски со порака од Скопје до Брисел

29/09/2026

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy