СЕ ЧИСТИ СНЕГОТ НА ПРЕВОИТЕ, ДЕЖУРНИТЕ НА ТЕРЕН Сите патни правци се проодни
Сета расположлива механизација на Јавното претпријатие „Македонија пат“ е ангажирана за чистење на снегот низ земјава. Сите државни и регионални патишта се проодни, додека сообраќајот се одвива по влажни коловози, соопшти претпријатието.
„Информираме дека се ангажирани сите дежурни екипи на сите критични превои“, наведуваат од „Македонија пат“.
Претпријатието располага со потребниот број работници и со доволно количества сол и ризла за одржување на патиштата.
Од „Македонија пат“ апелираат до возачите да возат внимателно, задолжително да поседуваат зимска опрема и да го приспособат возењето кон временските услови.
.
Извор: plusinfo.mk