Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во Русија ден на жалост за загинатите во терористичкиот напад
Македонија

Во Русија ден на жалост за загинатите во терористичкиот напад

24/03/2024

AA

Во Русија денеска е ден на национална жалост за загинатите во терористичкиот напад во Градското собрание Крокус во близина на Москва.

Според последните податоци на Рускиот истражен комитет, во нападот загинале 133 лица, а повеќе од 100 се повредени.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека нападот во Градското собрание Крокус е крвав, варварски терористички чин и вети дека сторителите, организаторите и извршителите на злосторството ќе бидат казнети.

Вооружени напаѓачи во петокот вечерта влегле во концертната сала „Крокус Сити Хол“ во Красногорск кај Москва и почнале да пукаат кон посетителите, а потоа фрлиле запаливи средства, што предизвикало пожар.

Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија вчера соопшти дека во врска со нападот се приведени 11 лица, меѓу кои и четири лица кои биле директно инволвирани во терористичкиот напад.

ФСБ наведе дека оружјето што го користеле напаѓачите во Крокус било однапред подготвено во скривалиште и дека напаѓачите се обиделе да избегаат со автомобил, упатувајќи се кон руско-украинската граница.Тие беа приведени во областа Брјанск, со разлика од неколку часа.

Според ФСБ, напаѓачите имале намера да ја преминат границата и имале контакти на украинска страна.

Министерството за внатрешни работи на Русија подоцна ги демантираше информациите дека се уапсени руски државјани, нагласувајќи дека сите се странски државјани.

Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава, но официјална Москва не ја коментираше информацијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

34 ПОЛИЦАЈЦИ СЕ ГОНАТ ЗА ПОТКУП, ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА

19/11/2026
Македонија

ЌЕ СЕ НАЈДЕ ЛИ ЧАРЕ ЗА „КРАВА ПАЛАНКА“? Советниците на

19/11/2026
Македонија

СЕ ТРАГА ПО УШТЕ ЕДНО ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО ПЛАНИРАНИОТ НАПАД

19/11/2026
Македонија

📽️ ТОШКОВСКИ ЈА ПРИМИ НАГРАДАТА ЗА „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ ВО ДУБАИ

19/11/2026
Македонија

СИЛНИОТ ВЕТАР ЌЕ ПРОДОЛЖИ И УТРЕ, НА СИЛА Е ЖОЛТ

18/11/2026
Македонија

НА НОВОРОДЕНЧЕ МУ НАНЕЛЕ ИСЕКОТИНА НА ПРСТЕТО ПРИ ВАДЕЊЕ ИНФУЗИЈА

18/11/2026
Македонија

Посетата на поранешна актерка во филмови за возрасни на Омејадската

18/11/2026
Македонија

ЗОШТО ПЕНДАРОВСКИ НЕ ГО ПОТПИШАЛ ЗАКОНОТ ЗА ИГРИ НА СРЕЌА?

18/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46839
  • Регион 4000
  • Свет 21
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy