Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВО ПЕХЧЕВО ЌЕ НИКНЕ ЦЕНТРАЛА ВРЕДНА НАД 50 МИЛИОНИ ЕВРА: Првиот закон за стратешки партнер во Собрание
Економија

ВО ПЕХЧЕВО ЌЕ НИКНЕ ЦЕНТРАЛА ВРЕДНА НАД 50 МИЛИОНИ ЕВРА: Првиот закон за стратешки партнер во Собрание

02/02/2024

AA

Со законско
решение Владата го договара стратешкиот инвеститор за изградба на соларна
електрична централа во Пехчево
. Во предлог законот доставен во Собранието може
да се види дека ќе се потпише договор со Друштво за производство, трговија и
услуги ХЕК СОЛАР МК ДОО Негрево, Пехчево
, кое ќе биде стратешки инвеститор за
овој голем проект.

Ова е прв закон кој
е доставен пред пратениците со кој треба и тие да се изјаснат за договорите кои
Владата треба да ги потпише со стратешки инвеститори
, проекти кои се најавени
уште со промената на власта. Инаку досега Владата има објавено на својата
веб страна договори за стратешки инвеститори, но ова е прв пат
тоа да се прави преку законско решение.

– 
Целта
на овој Предлог закон е реализација на инвестициониот проект „ СОЛАРНА
ЕЛЕКТРИЧНА ЦЕНТРАЛА – ПЕХЧЕВО“, што претставува еден од проектите со највисок
приоритет за државата
, а со што ќе се постигне: остварување на целите утврдени
во Стратегијата за развој на енергетиката во Македонија до 2040 година во однос
на декарбонизацијата, односно остварување на „Зеленото сценарио“ со кое се
предвидува дека во 2040 година емисиите на стакленичките гасови се намалуваат
за 61,5 проценти во однос на 2005 година
. Стабилност на цената на електрична
енергија на пазарот, пораст на домашното производство на енергија од обновливи
извори и намалување на зависноста од увоз – пишува во законот доставен во
Собранието.

Проценетата
вредност на капитaлот што стратешкиот инвеститор планира да го инвестира за
реализација на стратешкиот инвестиционен проект изнесува 51.925.000 евра
, кои ќе
бидат обезбедени од стратешкиот инвеститор од приватни средства, средства
обезбедени од комерцијални банки, банки за развој и меѓународни финансиски
институции и фондови.

Законот дефирнира
дека со оваа инвестиција ќе има приходи и за локалната самоуправа на чие
подрачја ќе се реализира проектот, преку наплата на надоместокот за уредување
на градежното земјиште, приходи од закупнината од давање на земјиштето под
долготраен закуп…

– 
Со законот
се уредува реализацијата на стратешкиот инвестиционен проект Соларна електрична
централа преку утврдување на правата и обврските на стратешкиот инвеститор,
Друштво за производство, трговија и услуги ХЕК СОЛАР МК ДОО Негрево, Пехчево и
на Владата, надлежните државни органи, единиците на локалната самоуправа,
органите на единиците на локалната самоуправа
и правните лица во целосна или
доминантна сопственост на Република Северна Македонија – пишува во законското
решение доставено во Собранието.

Стратешкиот
инвеститор има ексклузивно право на стратешкиот инвестиционен проект, што
вклучува проектирање, финансирање, осигурување, изградба, поседување,
управување и одржување на Соларна електрична централа – Пехчево со вкупна
инсталирана моќност од 70 MWac,
со целокупната инфраструктура, патишта,
објекти, трафостаници и постројки потребни за приклучување на фотонапонската
електроцентрала кон електропреносниот систем.

Владата и
стратешкиот инвеститор склучуваат договор за стратешки инвестиционен проект кој
е составен дел на овој закон со времетраење од 25 години
и можност за
продолжување и раскинување.

Стратешкиот
инвеститор на свој трошок ги обезбедува сите потребни одлуки, решенија,
лиценци, овластувања, потврди, одобренија, согласности и други документи и акти
за реализацијата на проектот. Органите и лицата надлежни за издавање на
документите се должни навремено да ги спроведуваат дејствата во рамки на своите
надлежности со цел навремено реализирање на стратешкиот инвестиционен проект.

Земјоделското
земјиште опфатено со урбанистичкиот план се пренаменува во градежно земјиште за
изградба на градбите од стратешкиот инвестиционен проект како градби од
стратешки интерес.
Стратешкиот инвеститор градежното неизградено земјиште може
да го користи за земјоделски цели преку агроволтаични системи, со цел двојна
употреба и дополнителна корист за локалната заедница.

– 
На
секои шест месеци од почетокот на комерцијалното работење на фотонапонската
електроцентрала, стратешкиот инвеститор има обврска да уплаќа на Фондот за
развој организиран од Развојната банка на Северна Македонија 1 евро по продаден
и наплатен MWh
, за време на целиот период на експлоатација на фотонапонската
електроцентрала – се појаснува во законот.

Во рок од три
месеци од склучување на договорот за стратешки инвестиционен проект,
акционерското друштво во сопственост на државата склучува со стратешкиот
инвеститор договор за откуп на електричната енергија произведена од
фотонапонската електроцентрала. Динамиката на испораката, количините, начинот
на утврдување на цените по кои ќе се откупува произведената енергија како и
правата и обврските во однос на балансната одговорност се определуваат во
договорот за откуп на електрична енергија. Времетраењето на овој договор не
може да се прекине поради евентуална промена на сопственичката структура на
акциoнерското друштво.

П.О.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Екс директорката Асани оди во куќен притвор, продолжува истрагата за

10/09/2026
Македонија

НОВА КРИЗА НА ОНКОЛОГИЈА: Пациентките со рак на дојка повторно

10/09/2026
Македонија

Голем успех: 11-годишниот Андреј Цековски донесе злато од САД

10/09/2026
Македонија

Д-р Цана: Западнонилската треска остава долготрајни последици – специфичен лек

10/09/2026
Македонија

Гоцевски: На Борис Трајковски му извршија атентат

10/09/2026
Македонија

Гоцевски: Ни се закануваа дека ќе го срамнат Собранието и

10/09/2026
Македонија

Тензично на Советот на Кисела Вода: Бараа обезбедување по расправијата

10/09/2026
Македонија

Гоцевски за преговорите со ЈНА: Генерал ни кажа договорот да

10/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45630
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Екс директорката Асани оди во куќен притвор, продолжува истрагата за водата со фекалии во Гостивар

10/09/2026

Поранешната директорка на Јавното претпријатие „Комуналец“, Артана Асани, ќе биде во куќен притвор, откако гостиварскиот суд ја замени мерката затворски

НОВА КРИЗА НА ОНКОЛОГИЈА: Пациентките со рак на дојка повторно без терапија

10/09/2026

Пациентките кои се борат со рак на дојка повторно се соочуваат со недостиг на клучна онколошка терапија. Преку социјалните мрежи,

Голем успех: 11-годишниот Андреј Цековски донесе злато од САД

10/09/2026

Единаесетгодишниот пијанист Андреј Цековски оствари голем меѓународен успех со освојувањето на првото место на престижниот натпревар International Youth Music Competitions.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy