Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во Основниот суд во Струга третпат почнува судскиот процес за родилката од Дебар
Магазин

Во Основниот суд во Струга третпат почнува судскиот процес за родилката од Дебар

22/12/2023

AA

Во Основниот суд во Струга денеска третпат ќе почне судскиот процес против тројцата лекари од Струшката болница, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска, обвинети од Јилдз Веапоска од Дебар, на која при породување со царски рез и биле отстранети матка, јајник и бубрег.

Судскиот процес, како што информира за МИА претседателот на судот во Струга Ифет Бајрамоски, ќе го води судијата Јордан Јованов.

Судскиот процес со родилката од Дебар третпат почнува од почеток поради пензионирање на судиите кои го водеа, а Јованов е трет судија кој од почеток ќе ја почне постапката.

Адвокатот на оштететната Веапоска, Сашо Јанев по последното одложување на рочиштето, во јули годинава, заклучи дека сите бегаат од предметот, кој го нарече врел костен, но на крај очекува осудителна пресуда. Интенција на одбраната, тогаш нагласи дека е да стартува со супер вештачење, со забелешка дека судскиот процес веќе е одолговлечен.

Веапоска, пак, по последното одлагање најави дека нема да се откаже од правдата, бидејќи, како што нагласи, е половина човек.

Според обвинението, тројцата лекари се товарат дека на родилката Веапоска и отстраниле бубрег, матка и јајник по породување со царски рез во Струшката Општа болница. Како што е појаснето во обвинението, при породувањето со царски рез и ја оштетиле левата бубрежна артерија, но не презеле мерки, туку и давале терапија при што паднала во шокова состојба. Повторно ја оперирале и ја отстраниле матката и левиот јајник, иако не биле оштетени. Крварењето не престанало па со втор зафат утврдиле дека е оштетена артерија. Тогаш и бил отстранет и левиот бубрегот и била пренесена на КАРИЛ во Скопје.

Судскиот процес почна во јуни минатата година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Од Охридско езеро извлечено тело на 46-годишен маж од Грузија

13/08/2026
Македонија

Скопјанец си го пронашол починат сопствениот син!

13/08/2026
Македонија

Трагедија во Аеродром: Работник почина откако го прегазил виљушкар кој

13/08/2026
Македонија

МНР: Нема официјална бројка за евакуирани македонски државјани од пожарите

13/08/2026
Македонија

Ангелов: Спречена е голема катастрофа во село Лознани, но опасноста

13/08/2026
Македонија

Полицијата со детали: 13 лица споделувале лажни вести за водата

13/08/2026
Македонија

Секој плаќа за себе: Wolt ја воведе функцијата Split Payments

13/08/2026
Македонија

АЛАРМАНТЕН ПОРАСТ: Регистрирани 26 случаи на Западно-нилска треска – ова

13/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45010
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Од Охридско езеро извлечено тело на 46-годишен маж од Грузија

13/08/2026

На 12.08.2026 во 14:32 часот во СВР Охрид е пријавено дека од водите на Охридско езеро, кај Пештани, било извлечено

Скопјанец си го пронашол починат сопствениот син!

13/08/2026

Денеска (13.08.2026) во 12:02 часот во СВР Скопје, А.А.(71) од Скопје пријави дека околу 09:00 часот во семејниот дом го

Трагедија во Аеродром: Работник почина откако го прегазил виљушкар кој сам се придвижил

13/08/2026

На 12.08.2026 околу 12:25 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во круг на фирма на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy