Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во Основниот кривичен суд ќе биде изречена пресуда за сообраќајката во која загина Фросина Кулакова
Магазин

Во Основниот кривичен суд ќе биде изречена пресуда за сообраќајката во која загина Фросина Кулакова

13/05/2025

AA

 Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде изречена пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова, откако на судењето што почна на 9 овој месец обвинетиот Васил Јованов призна вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката што се случи во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Според обвинението, на 29 јануари годинава, Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 километар на час на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. На пешачки премин, на црвено светло, удрил во Кулакова, која поминувала на зелено светло за пешаци. Од силата на ударот, Фросина се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место. За делото за кое се товари Јованов е предвидена затворска казна до 20 години. 

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог и против таткото на Васил, Зоран Јованов, за кривично дело „предизвикување општа опасност“ од член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинението се однесува на периодот од 04.11.2022 до 30.01.2025 година, во кој тој му дозволувал на својот син да управува патничко моторно возило „Пежо 207“, иако знаел дека нема возачка дозвола и е сторител на сообраќајни деликти.

На рочиштето за прегазувањето на Кулакова што се одржа мината недела се изведуваа само докази кои се однесуваа на висината на казната, а не и за настанот, со оглед дека Јованов го призна делото.

Обвинителот Александар Марковски, како докази за одмерување на видот и висината на казната, пред судот го наведе тоа што за Јованов има правосилна пресуда со казна затвор од три години и десет месеци и пет прекршочни постапки кои не се процесуирани за разни сообраќајни прекршоци.

Бранителот на Јованов, адвокатот Сашко Дуковски пред судот достави докази за положени испити на факултет и медали од освоени натпревари во бокс, доказ од Ракометнана федерација дека е регистриран играч за сезоната 2021-22 и видео со времетраење од 36 секунди, за кое рече дека одбраната сака да го покаже пред Судот односот на обвинетиот непосредно по стореното дело и неговото искрено каење извикувајќи „леле што направив” и „греота за девојчето”.

Обвинителот му посочи на Судот да пристапи со должно внимание на оваа снимка, со оглед на квалитетот на звукот и дека тоа што било кажано е така од збор до збор. 

Адвокатот на семејството Кулакови, во завршниот збор побара највисока казна за обвинетиот, земајќи ги како отежнителни околности тоа што управувал возило без возачка дозвола, под дејство на алкохол и без почитување на сообраќајните правила.

Бранителот на Јованов во завршниот збор рече дека во оваа сообраќајна несреќа губитници се двете семејства и дека е тешко и за семејството на загинатата Фросина, но исто така е тешко, како за обвинетиот, така и за неговото семејство.

– Овој кривично- правен предмет не е само предмет што доби медиумска помпа, туку се претвори во јавна хајка и линч против обвинетиот. Од првиот ден се повикуваше на линч и смртна казна. Да, Васил е виновен, но не може да се бара смртна казна. Сметам дека Република Македонија е демократска држава и владее закон, а не законот на линч и око за око, заб за заб, изјави адвокатот Дуковски.

Повика да се престане со инсинуации, нагласувајќи дека Васил ниту избегал, ниту се обидел, и да било така, дека обвинителот ќе го гонел и за неукажување на помош. 

Тој, исто така, укажа и на судската пракса за вакви дела, посочувајќи на сообраќајната несреќа на истата локација од другата страна на Партизанска од 2018 година, каде под дејство на алкохол со признание на вина е досудена казна од 3.5 години затвор, како и на сообраќајната несреќа во Велес, каде животот го загуби 11 годишно девојче, за што возачот го негираше делото и се обидел да избега, а доби осум години затвор.

Обвинетиот Васил Јованов, во завршен збор пред Судот, уште еднаш изрази каење за случајот. 

-Не можам да објаснам какво каење чуствувам. Не поминал ден да не се помолам за душата на Фросина и за нејзината фамилија. Тоа е нешто што ќе ме прогонува до крајот на мојот живот. Сакам уште еднаш да искажам најдлабоко сочувство и извинување на семејството и на сите кои ги познавам, изјави Јованов.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Дете се затруло со бензин во Куманово, пренесено во болница

20/08/2026
Македонија

МВР: Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

20/08/2026
Македонија

Владата потрошила 6 милиони денари за питка вода за гостиварчани

20/08/2026
Македонија

Од септември ново правило за Google услугите во Македонија –

20/08/2026
Македонија

22 пожари на отворено за еден ден: Осум и натаму

20/08/2026
Македонија

Ангелов: Водата во Гостивар е безбедна, грижата за квалитетот сега

20/08/2026
Македонија

Без концесија копале на државно и приватно земјиште, па ја

20/08/2026
Македонија

Владата најави „училишна кошничка“: Во вторник одлука за пониски цени

20/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45150
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Дете се затруло со бензин во Куманово, пренесено во болница

20/08/2026

Мало дете од Куманово било итно пренесено во болница откако испило бензин. Случајот бил пријавен во полицијата во текот на

МВР: Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

20/08/2026

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека е ставена во функција веб апликацијата со мобилен интерфејс „Безбеден град“, која

Владата потрошила 6 милиони денари за питка вода за гостиварчани

20/08/2026

Речиси шест милиони денари изнесуваат трошоците за обезбедување питка вода за жителите на Гостивар во периодот додека беше во сила

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy