Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во Кривичен се испитуваат вештаци за автобуската несреќа кај Ласкарци
Македонија

Во Кривичен се испитуваат вештаци за автобуската несреќа кај Ласкарци

12/10/2023

AA

Во Основен кривичен суд Скопје денеска се испитуваат вештаци во врска со автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени.

Вештото лице Љупчо Постолов, дел од тимот што го изготви сообраќајното супервештачење, најпрво беше испитуван по однос на наводите напишани во неговите авторски дела од страна на бранителот на шестообвинетиот. Најголем дел од прашањата не беа дозволени бидејќи, според Судечкиот совет, не се релевантни за вештачењето.

Прашан дали во списите за предметот сретнал писмен доказ дека на автобусот му била извршена контрола на исправноста при враќањето, по извршен превоз во периодот од последниот технички преглед до денот на незгодата, тој одговори дека во списите сретнал наводи дека автобусот бил исправен. Прашан дали кој било од возачите некогаш во тој период изреагирал за неисправноста на автобусот, тој одговори дека не сретнал такво нешто.

– Меѓутоа, кога имаме еден автобус во експлоатација, нормално е да се појавуваат одредени проблеми, барања и така натаму, рече вештакот. На прашањето дали може да се провери исправноста на кочниците на овој автобус со увид на составните елементи на кочниците кај секое од тркалата на овој автобус поединечно, тој одговори дека со увидот на лице место се утврдени уредите и склоповите на автобусот, конкретно системот за стопирање и тоа визуелно е проверено.

– Меѓутоа, тука стануваше збор цело време за ефикасноста на сопирање. Ефикасноста на сопирање се проверува само со мерни апарати и инструменти. Така што, должноста била, покрај тоа што лицата кои што учествувале во увидот дента, или наредниот ден, да се обидат да направат напори да се однесе возилото на технички преглед и доколку постои можност да се провери, рече тој. Покрај Постолов, во тимот вештаци кои го изготвија сообраќајното супервештачење се и вештаците Јакуп Мамути и Невзат Зеќири.

Супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење, или не се компетентни за истото. Откако факултетите одбија, предметот беше испратен во Бирото за судски вештачења, кое има можност да формира тим од лиценцирани вешти лица кои ќе направат супервештачење.

Супервештачењето пристигна во Кривичен во декември. Потоа настапи формално отпочнување на процесот по кое се започна со сослушување на вештите лица кои го изготвија машинското супервештачење, а во моментов и на вештите лица кои го изготвија сообраќајното супервештачење.

Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело. Судскиот процес за несреќата започна во септември 2019 година и го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител, Дарко Јакимовски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ТУРИСТКА ОД ГЕРМАНИЈА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ОХРИДСКИ ХОТЕЛ Наредена е

23/09/2026
Македонија

БЕЗ СОПСТВЕНИ ВИ-МОДЕЛИ И ДАТА-ЦЕНТРИ МАКЕДОНИЈА РИЗИКУВА ДА СТАНЕ ДИГИТАЛНА

23/09/2026
Македонија

ПОКРЕНАТА ИСТРАГА ЗА НАПАДОТ ВРЗ ГИНЕКОЛОГОТ ОГНЕНОВИЌ Напаѓачот доби забрана

23/09/2026
Македонија

СОСТАНОК НА ЕУ СО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ЊУЈОРК

23/09/2026
Македонија

СЕ ВОДАТ НА БОЛЕДУВАЊЕ, А РАБОТАТ НА ДРУГО МЕСТО ИЛИ

23/09/2026
Македонија

ПРСКАЊЕТО ПРОТИВ КОМАРЦИ ОД ВОЗДУХ ЌЕ СЕ НАПУШТИ ЗА 3

23/09/2026
Македонија

АКО КУПИТЕ НОВ СТАН ВО ГРАНД СКОПЈЕ ЌЕ ДОБИЕТЕ И

23/09/2026
Македонија

СУДСКИОТ СОВЕТ ЈА ИСТРАЖУВА СОСТОЈБАТА ВО КУМАНОВСКИОТ СУД ПО ПОПЛАКИТЕ

23/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45754
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ТУРИСТКА ОД ГЕРМАНИЈА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ОХРИДСКИ ХОТЕЛ Наредена е обдукција

23/09/2026

Германска туристка на возраст од 70 години во вторникот вечерта е пронајдена почината во хотел на кејот во Охрид, соопшти

БЕЗ СОПСТВЕНИ ВИ-МОДЕЛИ И ДАТА-ЦЕНТРИ МАКЕДОНИЈА РИЗИКУВА ДА СТАНЕ ДИГИТАЛНА КОЛОНИЈА Пристапно предавање на новоизбраниот

23/09/2026

Македонија мора активно да работи на градење сопствени модели на вештачка интелигенција и дигитална инфраструктура со цел зачувување на националниот

ПОКРЕНАТА ИСТРАГА ЗА НАПАДОТ ВРЗ ГИНЕКОЛОГОТ ОГНЕНОВИЌ Напаѓачот доби забрана да му се приближува на

23/09/2026

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение за сторено

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy