СОСТАНОК НА ЕУ СО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ЊУЈОРК Присуствува и македонската делегација предводена од Мицкоски
Македонската делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, која присуствува на Генералното Собрание на Обединетите Нации во Њујорк, денеска треба да учествува на состанокот на лидерите на Европската Унија и Западниот Балкан, јави специјалниот известувач на МИА од Њујорк.
Состанокот го води високата претставничка за заедничка безбедносна и надворешна политика на ЕУ, Каја Калас.
Во пресрет на состанокот, македонскиот премиер Мицкоски повика на вклучување на претставници на ЕУ со цел подобрување на дијалогот за разликите со Бугарија.
Премиерот Мицкоски исто така информираше дека доаѓаат позитивни сигнали од Европската Унија, особено по самитот на ЕУ и земјите од Западниот Балкан во Тиват, кога од Германија и Франција произлезе иницијатива за реформи во процесот на проширување.
.
Извор: plusinfo.mk