Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СУДСКИОТ СОВЕТ ЈА ИСТРАЖУВА СОСТОЈБАТА ВО КУМАНОВСКИОТ СУД ПО ПОПЛАКИТЕ ПРОТИВ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА Извештаите се во завршна фаза
Македонија

СУДСКИОТ СОВЕТ ЈА ИСТРАЖУВА СОСТОЈБАТА ВО КУМАНОВСКИОТ СУД ПО ПОПЛАКИТЕ ПРОТИВ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА Извештаите се во завршна фаза

23/09/2026

AA

Судскиот совет на денешната седница расправаше за состојбите во Основниот суд Куманово, откако вчера Синдикатот на УПОЗ јавно реагираше на навреди и несоодветен однос кон вработените од страна на претседателката на судот.

Член на Судскиот совет Ивица Николовски, кој е координатор за Основниот суд Куманово, истакна дека Советот подолг период ги следи случувањата во судот и дека прашањето не е ново за институцијата.

Тој посочи дека веќе се формирани две комисии кои работат на утврдување на фактичката состојба, а во меѓувреме до Советот пристигнуваат и дополнителни информации и дописи од засегнатите страни.

– Во насока на испитување на случувањата во Куманово и изнаоѓање решение што ќе доведе до позитивен исход за сите, закажана е средба по барање на претседателот на Судскиот совет и претседателот на Основниот суд Куманово. Извештаите се при крај и очекувам во една од наредните седници да бидат ставени на дневен ред – информираше Николовски.

Тој додаде дека во извештаите ќе бидат опфатени наодите од посетите на судот, како и информациите добиени од сите инволвирани страни, по што Советот ќе донесе заклучоци за понатамошно постапување.

По повод реакциите на УПОЗ, членот на Советот Сузана Јошевска-Анастасовска информираше дека претставката на која се повикуваше синдикатот веќе е предмет на постапување.

Според неа, претставката не била доставена со оригинални потписи, но наместо да биде отфрлена поради формални недостатоци, Советот решил да преземе дополнителни активности поради јавниот интерес и потребата од целосно согледување на состојбите во Куманово.

– По претставката не само што се постапува, туку е постапено во најкратки можни рокови и на најсовесен начин. Намерата беше да се излезе во пресрет на вработените и да се испитаат нивните наводи, но за тоа е неопходно да бидат исполнети и законските услови за постапување – појасни Јошевска-Анастасовска.

Вработени кумановскиот суд поднесоа претставка до Судскиот совет со која бараат разрешување на претседателката на судот Снежана Манев, поради тоа што со години биле изложени на навреди, притисоци и недолично однесување од нејзина страна. Синдикатот на УПОЗ вчера побара Судскиот совет итно да постапи по оваа претставка. Претседателот на овој синдикат, Трпе Деаноски рече дека од вкупно 90 вработени во судската администрација, 75 ја потпишале претставката против претседателката.

Претседателката Манев ги отфрли наводите протв неа како неточни и паушални и посочи дека не е наведен ниту еден конкретен случај, кога и кон кого бил извршен притисок. Според неа, протестот е организиран од судскиот администратор, претседателот на синдикатот, еден службеник и неколкумина вработени, а повод е дисциплинската постапка против судскиот администратор поради несовесно, ненавремено или небрежно вршење на работните задачи. Манев речеи дека поради намалувањето на бројот на вработени во судот се врши реорганизација и поголемо ангажирање на постојниот кадар, а дел од вработените, поддржани од судскиот администратор одбивале да ги извршуваат дадените задачи.

БУНТ ПРОТИВ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА КУМАНОВСКИОТ СУД Вработените се жалат на мобинг, Синдикатот се заканува со протест и штрајк

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРСКАЊЕТО ПРОТИВ КОМАРЦИ ОД ВОЗДУХ ЌЕ СЕ НАПУШТИ ЗА 3

23/09/2026
Македонија

АКО КУПИТЕ НОВ СТАН ВО ГРАНД СКОПЈЕ ЌЕ ДОБИЕТЕ И

23/09/2026
Македонија

СУДСКИОТ СОВЕТ ЈА ИСТРАЖУВА СОСТОЈБАТА ВО КУМАНОВСКИОТ СУД ПО ПОПЛАКИТЕ

23/09/2026
Македонија

ПАРТИЈАТА ВРЕДИ НЕ БАРА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ, НО Е СПРЕМНА Касами

23/09/2026
Македонија

ГРУБИ ДАВАШЕ ЗАБЕЛЕШКИ НА ДОКАЗИТЕ ШТО ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГИ ИЗНЕСУВАШЕ ПРОТОВ

23/09/2026
Македонија

ШАСИВАРИ ЌЕ ГО ПРЕЗЕНТИРА РЕШЕНИЕТО ЗА ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ Во октомври

23/09/2026
Македонија

ТОШКОВСКИ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ОГРОМНИОТ БРОЈ НЕРАБОТНИЦИ Полицијата ќе

23/09/2026
Македонија

КРИЕ ЛИ НИКОЛОВСКИ ДУПЛЕКС СТАН ОД 180 КВАДРАТИ ВО ДАЈМОНД

23/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45749
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРСКАЊЕТО ПРОТИВ КОМАРЦИ ОД ВОЗДУХ ЌЕ СЕ НАПУШТИ ЗА 3 ДО 5 ГОДИНИ Ќе се

23/09/2026

Од 19 септември нема нови случаи на хоспитализација со западнонилска треска на Клиниката за инфективни болести. Значи, четврти ден нема

АКО КУПИТЕ НОВ СТАН ВО ГРАНД СКОПЈЕ ЌЕ ДОБИЕТЕ И ОПРЕМЕНА КУЈНА! Ексклузивна можност за

23/09/2026

Кога купуваш нов стан, замислуваш како ќе изгледа твојот дом. Каде ќе биде трпезариската маса, каде ќе стои омилената фотелја,

ПАРТИЈАТА ВРЕДИ НЕ БАРА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ, НО Е СПРЕМНА Касами е уверен дека ќе бидат

23/09/2026

Градоначалникот на Тетово и еден од копретседателите на партијата Вреди, Биљал Касами, денеска рече дека Вреди не сака да има

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy