Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Влада: Државниот празник 11 Октомври беше одбележан свечено и државнички, да не се манипулира јавноста со ширење невистини
Македонија

Влада: Државниот празник 11 Октомври беше одбележан свечено и државнички, да не се манипулира јавноста со ширење невистини

12/10/2023

AA

Владата на Република Северна Македонија остро ги демантира наводите дека на централниот настан организиран во Куманово по повод одбележувањето на државниот празник 11 Октомври – Денот на народното востание, наместо државната химна е пуштена партиска химна, се наведува во денешната реакција од Владата.

– Оваа манипулација на јавноста со невистини, е срамно однесување и сквернавење на државниот празник, и покажува основно непочитување на државата, институциите и државниот празник 11 Октомври – Денот на народното востание, од страна на политичката партија ВМРО ДПМНЕ која и на таков голем ден за државата, наместо достоинствена почит кон празникот, одбира да шири невистини и да ја доведува јавноста во заблуда, се подвлекува во соопштението од владината прес-служба.

Настанот по повод чествувањето на државниот празник 11 Октомври – Денот на народното востание, посочуваат од Владата, беше јавен, отворен за граѓаните, беше пренесуван во живо на Националната радио телевизија, и на настанот беа присутни голем број медиумски екипи но и граѓани кои го проследија во целост.

– Видео материјалите од преносот во живо, во нивната интегрална форма, се достапни на каналите за комуникација на Владата на Република Северна Македонија и на истите е многу е јасно видливо дека со интонирањето на државната химна на настанот е означен почетокот на свеченоста во Куманово, на која обраќање имаше и претседателот на Владата, Димитар Ковачевски. Воедно, јасно е видлива целосната културно-уметничка програма, настапот на сите културни уметници, како и изведуваните музички нумери, се вели во соопштението.

Целосниот настан кој се состоеше од положување свежо цвеќе од страна на присутните делегации, како и свеченоста по повод државниот празник, пренесуван во живо, можете да го проследите на следниот линк: https://www.youtube.com/live/_uuet_MiunU?si=ENIDa1C01tJYlypv

– Од приложеното, јасна е фактичката состојба дека изнесените наводи од страна на ВМРО ДПМНЕ се лажни и единствено имаат за цел да го нарушат угледот и достоинството на институциите и носителите на јавни функции на Владата на Република Северна Македонија. Токму затоа, бараме повлекување на информацијата од сите медиуми кои ја имаат објавено, а со цел вистинито, прецизно, јасно и точно информирање на јавноста, стои во реакцијата од Владата.

Оваа Влада, како што се наведува во соопштението, пристапува кон организација на државните празници со огромна почит и токму затоа и големиот државен празник, 11 Октомври – Денот на народното востание, беше одбележан со пригодни свечености и богата културно-уметничка програма во организација на Владата на Република Северна Македонија, а под мотото „Непокор и слобода“. Како и сите чествувања од 2017 година досега, се посочува во соопштението, и ова чествување на големиот празник беше државничко и достоинствено.

Централната манифестација по повод државниот празник 11 Октомври беше одржана во Куманово, со положување на свежо цвеќе од страна на Владината делегација, како и со пригодна, свечена програма на која свое обраќање имаше претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски. Дополнително, во Скопје владина делегација положи свежо цвеќе во Меморијалниот комплекс „Партизански гробишта“ Бутел во Скопје, како и на споменикот „Ослободителите на Скопје”, на платото кај Владата на Република Северна Македонија. Како дел од чествувањето на Денот на народното востание, во Прилеп владина делегација положи свежо цвеќе и пред споменикот на Методија Андонов – Ченто, потоа пред споменикот на Кузман Јосифоски-Питу, како и пред Могилата на Непобедените.

– Инсистираме јавноста да се информира преку факти, а не со лаги и манипулации чија единствена цел е собирање ситни, дневнополитички поени и нарушување на угледот на институциите кој оваа Влада макотрпно веќе 6-та година активно работи да ја возобнови и развива. Потсетуваме дека до 2016-та, во времето на 11 години владеење на ВМРО ДПМНЕ, институциите во државата беа означени како заробени институции, во хибриден режим, без никаква медиумска слобода за професионално и слободно известување и финално комуникација со јавноста преку партиските тела и канали, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Старите практики на манипулација и непочитување на институциите од страна на ВМРО ДПМНЕ очигледно продолжуваат, и токму затоа, како што стои во соопштението, апелираме до медиумските работници, за сите прецизни и точни информации, врзани со работата на институциите и одбележувањето на државните празници, да се обратат директно во институциите или пак во Владата на Република Северна Македонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БЕЗ СОПСТВЕНИ ВИ-МОДЕЛИ И ДАТА-ЦЕНТРИ МАКЕДОНИЈА РИЗИКУВА ДА СТАНЕ ДИГИТАЛНА

23/09/2026
Македонија

ПОКРЕНАТА ИСТРАГА ЗА НАПАДОТ ВРЗ ГИНЕКОЛОГОТ ОГНЕНОВИЌ Напаѓачот доби забрана

23/09/2026
Македонија

СОСТАНОК НА ЕУ СО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ЊУЈОРК

23/09/2026
Македонија

СЕ ВОДАТ НА БОЛЕДУВАЊЕ, А РАБОТАТ НА ДРУГО МЕСТО ИЛИ

23/09/2026
Македонија

ПРСКАЊЕТО ПРОТИВ КОМАРЦИ ОД ВОЗДУХ ЌЕ СЕ НАПУШТИ ЗА 3

23/09/2026
Македонија

АКО КУПИТЕ НОВ СТАН ВО ГРАНД СКОПЈЕ ЌЕ ДОБИЕТЕ И

23/09/2026
Македонија

СУДСКИОТ СОВЕТ ЈА ИСТРАЖУВА СОСТОЈБАТА ВО КУМАНОВСКИОТ СУД ПО ПОПЛАКИТЕ

23/09/2026
Македонија

ПАРТИЈАТА ВРЕДИ НЕ БАРА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ, НО Е СПРЕМНА Касами

23/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45753
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БЕЗ СОПСТВЕНИ ВИ-МОДЕЛИ И ДАТА-ЦЕНТРИ МАКЕДОНИЈА РИЗИКУВА ДА СТАНЕ ДИГИТАЛНА КОЛОНИЈА Пристапно предавање на новоизбраниот

23/09/2026

Македонија мора активно да работи на градење сопствени модели на вештачка интелигенција и дигитална инфраструктура со цел зачувување на националниот

ПОКРЕНАТА ИСТРАГА ЗА НАПАДОТ ВРЗ ГИНЕКОЛОГОТ ОГНЕНОВИЌ Напаѓачот доби забрана да му се приближува на

23/09/2026

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение за сторено

СОСТАНОК НА ЕУ СО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ЊУЈОРК Присуствува и македонската делегација предводена

23/09/2026

Македонската делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, која присуствува на Генералното Собрание на Обединетите Нации во Њујорк, денеска треба да

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy