Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БЕЗ СОПСТВЕНИ ВИ-МОДЕЛИ И ДАТА-ЦЕНТРИ МАКЕДОНИЈА РИЗИКУВА ДА СТАНЕ ДИГИТАЛНА КОЛОНИЈА Пристапно предавање на новоизбраниот член на МАНУ проф. д-р Димитар Трајанов
Македонија

БЕЗ СОПСТВЕНИ ВИ-МОДЕЛИ И ДАТА-ЦЕНТРИ МАКЕДОНИЈА РИЗИКУВА ДА СТАНЕ ДИГИТАЛНА КОЛОНИЈА Пристапно предавање на новоизбраниот член на МАНУ проф. д-р Димитар Трајанов

23/09/2026

AA

Македонија мора активно да работи на градење сопствени модели на вештачка интелигенција и дигитална инфраструктура со цел зачувување на националниот дигитален суверенитет, порача во своето пристапно предавање новоизбраниот дописен член на Македонската академија на науките и уметностите, професор д-р Димитар Трајанов.

Зборувајќи на тема „Градење национални капацитети за вештачка интелигенција: знаење, податоци, модели и дигитален суверенитет“, Трајанов кој е и раководител на проектот за национална фабрика за ВИ „Везилка“, како две клучни препораки ги издвои изградбата на национални дата-центри и интензивирањето на работата врз македонскиот дигитален корпус.

– Ни требаат национални дата-центри за чување на податоците тука. Иако постојат одредени ризици, бенефитот од тоа податоците да бидат под наш суверенитет е драстично поголем. За која било технологија мора да измерите дали тоа е добро или тоа е лошо. Значи викаме водата… но, мора да се стави на кантар кој е бенефитот, а кои се ризиците ако тоа го немаме. Ние гледаме само три ризици коишто реално ги има, меѓутоа тие можат да се менаџираат и да се направи тоа да го имаме и да го избегнеме ризикот да бидеме дигитална колонија – предупреди професорот.

Дефинирајќи го дигиталниот суверенитет, Трајанов подвлече дека тој претставува „способност на една нација сама да го пишува, проверува и исправа она што е запишано за неа на нејзиниот сопствен јазик“.

За остварување на оваа цел, според него, како држава треба да се стремиме кон четири клучни способности: самостојно креирање дигитални системи, контрола врз нивното работење, корекција на грешките и можност за нивно исклучување или замена кога е потребно.

Трајанов во своето предавање порача дека Вештачката интелигенција во само пет години оставри напредок на сите полиња, а очекувањата се дека, за разлика од остантите технолошки пронајдоци кои ги олесниле и забегале напредокот во конкретни области, како што е автомобилот во транспортот и т.н., ВИ ќе најде ефикасна примена од медицината и образованието, до секојдневните работни обврски на луѓето.

Главната битката, како што рече Трајанов, моментално е меѓу Кина и САД, која ќе стигне прва до т.н. супериорен модел на ВИ.

– Прогресот е многу брз. Само пример, моментално најслабиот бесплатен АИ агент е подеднакво моќен како верзијата на ЧатГПТ во јануари годинава. А тука се и парите. Проценката е дека во 2027 инвестициите достигнат над 3 трилиони долари, ќе се дуплираат во однос на 2025 година. Бенефитите се големи. Имаме потенцијал, од нас зависи што и колку ќе направиме – изјави Трајанов.

Трајанов истакна дека игнорирањето на вештачката интелигенција не е решение и дека земјата мора да го искористи потенцијалот на домашниот ИКТ сектор.

– Целата оваа област неверојатно брзо се менува. Ние можеме да кажеме: „Океј, ние нема да користиме AI.“ Тоа нема да нè спаси од ништо. Некој друг ќе користи, некој друг ќе има роботи… не можеме на тој начин да се спасиме, треба да пробаме да ги градиме тие модели кај нас за да имаме наш суверенитет врз целиот процес. Имаме извореден потенцијал. ИКТ секторот е во изворедна форма, тоа мора да се поддржи, тоа е нашата шанса којашто треба да ја искористиме – изјави Трајанов.

Македонскиот јазик, нагласи Трајанов е само 0,02% од Англискиот јазик што е документиран текст достапен на Интернет, а, „од тоа пак зависи она што системите на вештачка интелигенција го знаат на македонски“.

– Една од суштините поврзана со вештачката интелигенција и нашиот суверенитет е каде се наоѓаме во поглед со јазичните модели. Бројките тука се исто фрапантно застрашувачки, мораме да го работиме тоа, не постои друг начин што би го правеле. Од целиот корпус на којшто е трениран ChatGPT… значи, 72 трилиони зборови е трениран моделот на англиски јазик. Македонскиот јазик е само 16 милијарди. Односно она што го имаме ние е 0,02% од англискиот. Во статистиката знаете 5% е статистичка грешка. Ние не сме 5%, ние сме 0,02% – изјави Трајанов.

Ако ги споредите колкав е македонскиот корпус во споредба со соседните држави, Трајанов укажува дека од соседите сме во најлоша позиција.

– Во споредба со нашиот источен сосед, нашите текстови, нашата вистина е само 11 проценти од вистината на источниот сосед. ​Кога било, кое било прашање… на овие податоци е трениран ChatGPT. Истиот ChatGPT што некој го користи во Брисел, некој во Вашингтон или некој во Пекинг ќе го праша нешто. И овде, ова не е прашање на AI, ова е прашање на тоа што правиме ние и што ќе им оставиме на нашите деца. Како тие ќе ја гледаат нашата култура, нашиот идентитет во иднина – предупреди Трајанов.

Во таа насока, нагласи Трајанов, за нас „Везилка“ значи поврзување помеѓу луѓето и знаењето, поврзување помеѓу податоците и моделите, помеѓу традицијата и иднината.

​Проф. д-р Димитар Трајанов беше избран за дописен член во работниот состав на МАНУ на 21. изборно собрание на Академијата, одржано на 7 ноември 2025 година, на коешто беа избрани членови на МАНУ во работниот состав (редовни и дописни), членови надвор од работниот состав и почесни членови.

Темата на предавањето е особено актуелна во современиот научен и технолошки контекст, имајќи го предвид забрзаниот развој на вештачката интелигенција и нејзиното сè пошироко влијание врз науката, образованието, економијата, јавниот сектор и врз општеството во целина. Големиот интерес за предавањето беше потврден и со присуството на многубројната публика во Амфитеатарот на МАНУ.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ТУРИСТКА ОД ГЕРМАНИЈА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ОХРИДСКИ ХОТЕЛ Наредена е

23/09/2026
Македонија

БЕЗ СОПСТВЕНИ ВИ-МОДЕЛИ И ДАТА-ЦЕНТРИ МАКЕДОНИЈА РИЗИКУВА ДА СТАНЕ ДИГИТАЛНА

23/09/2026
Македонија

ПОКРЕНАТА ИСТРАГА ЗА НАПАДОТ ВРЗ ГИНЕКОЛОГОТ ОГНЕНОВИЌ Напаѓачот доби забрана

23/09/2026
Македонија

СОСТАНОК НА ЕУ СО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ЊУЈОРК

23/09/2026
Македонија

СЕ ВОДАТ НА БОЛЕДУВАЊЕ, А РАБОТАТ НА ДРУГО МЕСТО ИЛИ

23/09/2026
Македонија

ПРСКАЊЕТО ПРОТИВ КОМАРЦИ ОД ВОЗДУХ ЌЕ СЕ НАПУШТИ ЗА 3

23/09/2026
Македонија

АКО КУПИТЕ НОВ СТАН ВО ГРАНД СКОПЈЕ ЌЕ ДОБИЕТЕ И

23/09/2026
Македонија

СУДСКИОТ СОВЕТ ЈА ИСТРАЖУВА СОСТОЈБАТА ВО КУМАНОВСКИОТ СУД ПО ПОПЛАКИТЕ

23/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45754
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ТУРИСТКА ОД ГЕРМАНИЈА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ОХРИДСКИ ХОТЕЛ Наредена е обдукција

23/09/2026

Германска туристка на возраст од 70 години во вторникот вечерта е пронајдена почината во хотел на кејот во Охрид, соопшти

ПОКРЕНАТА ИСТРАГА ЗА НАПАДОТ ВРЗ ГИНЕКОЛОГОТ ОГНЕНОВИЌ Напаѓачот доби забрана да му се приближува на

23/09/2026

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение за сторено

СОСТАНОК НА ЕУ СО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ЊУЈОРК Присуствува и македонската делегација предводена

23/09/2026

Македонската делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, која присуствува на Генералното Собрание на Обединетите Нации во Њујорк, денеска треба да

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy