Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бектеши: Со законот за нефер трговски практики рабатот максимум 10 отсто, цените на производите ќе се намалат
Македонија

Бектеши: Со законот за нефер трговски практики рабатот максимум 10 отсто, цените на производите ќе се намалат

12/10/2023

AA

Новиот закон за забрана на нефер трговски практики предвидува намалување на рабатот до максимум десет проценти на годишно ниво. Тоа, како што изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши, ќе ги снижи цените на земјоделските и прехранбените производи, но и ќе влијае врз подобрување на нивниот квалитет.

Во законот се содржани околу 26 нефер трговски практики, а за прилагодување на компаниите кон понудените решенија е одреден рок од шест месеци. Според бизнисот, ова е доволен период, но не е исклучено тој да се скрати, доколку добавувачите и купувачите се соодветно подготвени.

За непочитување на законските одредби засега се предвидени глоби до 20 000 евра. Но, и во однос на овој дел од предлог-текстот ќе се разговара. Бизнис заедницата има можност да достави забелешки најдоцна до 25 октомври.

Законот кој денеска беше презентиран во Стопанската комора, е веќе на ЕНЕР и ќе се носи со европско знаменце.

-Не само што ќе има намалување на цените, туку и ќе се подобри квалитетот на производите. Во законот е наведено процентуално колку може да биде максималниот рабат или годишните надоместоци кои би можеле купувачите, во овој случај ланците супермаркети, да ги бараат од производителите и добавувачите. Рабатот сега надминува 30 – 40 отсто од производствената цена, а со законот ќе биде најмногу 10 отсто и во рамки на тоа маркетите ќе конкурираат меѓу себе што ќе влијае врз намалување на цените, рече Бектеши по работниот состанок во Комората.

Како што напомена Васко Ристовски од Комората, се очекува законот да воспостави ред на пазарот со земјоделските и прехранбените производи.

-Ова е сосема нов закон, нова работа за сите нас. На состанокот беа отворени доста прашања што беа нејасни за бизнис секторот. Се работи за европски закон, прилагоден за нашиот пазар. Сметаме дека ќе се воведе ред и дека се ќе биде законски регулирано. Начелно останува овој период од шест месеци прилагодување на компаниите и сметаме дека нема да има никакви проблеми. Евентуалните забелешки треба да произлезат во наредниот период, во следните 20 дена. Треба да сумираме зашто секој има свое гледиште, и компаниите и ланците маркети. Ако има забелешки тоа ќе го сублимираме во еден документ кој ќе се достави до ресорното Министерство. Имаме време да ги разгледаме и да ги појасниме работите, можеби ние погрешно ги толкуваме, можеби има простор каде што ќе може да се интервенира, истакна Ристовски.

Текстот на законот е во финална фаза. Многу е важно, нагласи Бектеши, што директивите од ЕУ се транспонирани во него. Целта е, дополни, преку дијалог во кој ќе бидат вклучени сите страни, да се донесе најдоброто решение за да не се направи штета никому. Најбитно од се, оцени министерот, е тоа што овој закон ќе ги уреди условите и начинот како ќе се врши трговијата во делот на земјоделските и прехранбените производи. Нема да се дозволи да се користи моќ на која било компанија врз другите фирми. Тоа, пак, би требало веднаш да влијае врз намалување на цените и врз подобрување на нивниот квалитет, како и врз предвидливоста и сигурноста на добавувачите и купувачите.

Закон за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи прв пат се носи во земјава.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЛИЦАЈЦИ НЕКОЛКУ ДЕНА СПИЕЛЕ НА НИВА ЗА ДА ГИ ФАТАТ

23/09/2026
Македонија

ТУРИСТКА ОД ГЕРМАНИЈА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ОХРИДСКИ ХОТЕЛ Наредена е

23/09/2026
Македонија

БЕЗ СОПСТВЕНИ ВИ-МОДЕЛИ И ДАТА-ЦЕНТРИ МАКЕДОНИЈА РИЗИКУВА ДА СТАНЕ ДИГИТАЛНА

23/09/2026
Македонија

ПОКРЕНАТА ИСТРАГА ЗА НАПАДОТ ВРЗ ГИНЕКОЛОГОТ ОГНЕНОВИЌ Напаѓачот доби забрана

23/09/2026
Македонија

СОСТАНОК НА ЕУ СО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ЊУЈОРК

23/09/2026
Македонија

СЕ ВОДАТ НА БОЛЕДУВАЊЕ, А РАБОТАТ НА ДРУГО МЕСТО ИЛИ

23/09/2026
Македонија

ПРСКАЊЕТО ПРОТИВ КОМАРЦИ ОД ВОЗДУХ ЌЕ СЕ НАПУШТИ ЗА 3

23/09/2026
Македонија

АКО КУПИТЕ НОВ СТАН ВО ГРАНД СКОПЈЕ ЌЕ ДОБИЕТЕ И

23/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45755
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЛИЦАЈЦИ НЕКОЛКУ ДЕНА СПИЕЛЕ НА НИВА ЗА ДА ГИ ФАТАТ ОДГЛЕДУВАЧИТЕ НА МАРИХУАНА Тошковски изнесе

23/09/2026

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска им се заблагодари на полициските службеници од Струмица за успешната акција во која

ТУРИСТКА ОД ГЕРМАНИЈА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ОХРИДСКИ ХОТЕЛ Наредена е обдукција

23/09/2026

Германска туристка на возраст од 70 години во вторникот вечерта е пронајдена почината во хотел на кејот во Охрид, соопшти

БЕЗ СОПСТВЕНИ ВИ-МОДЕЛИ И ДАТА-ЦЕНТРИ МАКЕДОНИЈА РИЗИКУВА ДА СТАНЕ ДИГИТАЛНА КОЛОНИЈА Пристапно предавање на новоизбраниот

23/09/2026

Македонија мора активно да работи на градење сопствени модели на вештачка интелигенција и дигитална инфраструктура со цел зачувување на националниот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy