Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во болницата во Гостивар примени 10 доктори и 10 медицински сестри, сите Албанци – директорот вели партија одлучува кој ќе е вработен!
Македонија

Во болницата во Гостивар примени 10 доктори и 10 медицински сестри, сите Албанци – директорот вели партија одлучува кој ќе е вработен!

14/02/2024

AA

Директорот на Општата болница „Ферид Мурад“ во Гостивар Илбер Адеми, во видео кое стигнало до редакцијата „ПорталиИкс“, вели дека партијата одлучува кој ќе биде вработен, откако месецов таму беа примени 10 доктори и 10 медицински сестри, сите од албанска националност.

Во видеото, кое веројатно е снимено тајно, се слуша гласот на Адеми како на кандидат за вработување му вели дека на огласот имало еден куп кандидати, но дека на крај не одлучува тој, туку партијата.

„Еден куп кандидати, пекол е. Знам дека товарот ќе падне врз мене, но на крај јас не одлучувам. Одлучува некој друг. Од страна на партијата добиваме зелено светло за да се влезе во финалната листа“, се слуша на снимката.

Адеми во разговор со новинарот на „ПорталиИкс“ Фуркан Салиу, потврди дека тоа е неговиот глас и дека е член на ДУИ, но и тврди дека не може да го командува никој.

Во меѓувреме, за огласот реагираа општинските организации на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, и двете партии побараа огласот да биде поништен. Одлуката за вработување на 10 доктори и 10 медицински сестри во Гостиварската болница е од 9 февруари.

Од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ велат дека е грубо прекршено начелото на за соодветна и правична застапеност на граѓаните.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со

12/08/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: Водата во Скопје е меѓу најбезбедните, ширењето паника е

12/08/2026
Македонија

По одбивањето за продолжување на прекинот на казната, тој не

12/08/2026
Македонија

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар

12/08/2026
Македонија

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази

12/08/2026
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44978
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче

12/08/2026

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека отвори предмет по допрен глас за да ги провери наводите за енормно загадување со

Ѓорѓиевски: Водата во Скопје е меѓу најбезбедните, ширењето паника е организиран напад и ќе заврши

12/08/2026

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, остро ги демантираше гласините кои се шират по социјалните мрежи и затворените родителски групи

По одбивањето за продолжување на прекинот на казната, тој не се вратил во „Идризово“ –

12/08/2026

Основниот кривичен суд Скопје излезе со официјално соопштение во кое ги појаснува законските и медицинските причини за прекинот на издржувањето

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy