Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОНТРОВЕРЗНИОТ Д-Р НЕСТОРОВИЌ – „КОГА ЌЕ ДОЈДЕМЕ НА ВЛАСТ, ЌЕ ПОЧНЕМЕ СО ФОРМИРАЊЕ НА ГОЛЕМА СРБИЈА“:„Република Српска ќе биде независна“
Регион

КОНТРОВЕРЗНИОТ Д-Р НЕСТОРОВИЌ – „КОГА ЌЕ ДОЈДЕМЕ НА ВЛАСТ, ЌЕ ПОЧНЕМЕ СО ФОРМИРАЊЕ НА ГОЛЕМА СРБИЈА“:„Република Српска ќе биде независна“

14/02/2024

AA

Лидерот на
босанските Срби Милорад Додик и претставникот во српското Собрание Бранимир
Несторовиќ денеска во Бања Лука отворено се залагаа за формирање на Голема
Србија, најавувајќи дека заедно ќе работат на реализација на ваков проект.

Несторовиќ, чија
партија „НИЕ-Гласот на народот“ освои седум мандати на последните парламентарни
избори во Србија, со своите колеги отпатува во Бања Лука да се сретне со Додик,
а и двајцата отворено им кажаа на новинарите дека ја делат заедничката идеја
дека сите Срби треба да живеат во една држава и планираат да преземат конкретни
чекори за да се случи тоа.

„Република Српска
ќе биде независна“, рече Додик, додавајќи дека сегашниот ентитет ќе изгради
силни врски со Србија веднаш по отцепувањето од Босна и Херцеговина.

Несторовиќ, пак,
стоејќи покрај Додик, рече дека ја цени изјавата на актуелниот претседател на
РС дека „време е Србите да почнат да размислуваат за заеднички живот во една
држава“.

„Сите Срби треба
да живеат во една држава и да бидат дел од српскиот свет“, рече Несторовиќ, кој
пред да влезе во политиката беше познат како лекар кој се спротивстави на
вакцинацијата и кој ги повика Србите да пазаруваат во Милано за време на пандемијата.
Тој изјави и дека не е убеден во тврдењето дека Земјата е тркалезна.

Сега тој посочи
дека очекува тој и неговите истомисленици да дојдат на власт во Србија за три
години и потоа да започне формирањето на Голема Србија, а дотогаш нивните
„црвени линии“ ќе бидат спречување воведување санкции против Русија,
непризнавање на Косово и заштита на Република Српска.

„Сакаме да ја
афирмираме идејата сите Срби да живеат во една држава и веднаш ќе иницираме
некои акции во српскиот парламент“, рече Несторовиќ, кој тврди дека ништо не
може да го спречи на тој пат.

Додик: Што не е во ред со идејата за „српски
свет“?

Додик ја поддржа
идејата за „српски свет“. “Што има лошо во тоа?” праша Додик, кој
тврди дека комунистите се виновни затоа што го жигосале формирањето на Голема
Србија.

И двајцата
потврдија дека не им се допаѓа проектот за европска интеграција и сакаат блиски
односи со Русија, а Додик рече дека од негова гледна точка ЕУ изгубила секаква
привлечност. Тој, исто така, предвиде дека Унијата сигурно ќе се распадне пред
да дојде редот на БиХ да стане членка.

„Нашата главна
цел е Република Српска да го изгради својот капацитет за независна акција со
силни врски што ќе ги воспостави со Србија“, рече Додик.

ФОТО: Print Screen/N1

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ѓорѓиевски: Водата во Скопје е меѓу најбезбедните, ширењето паника е

12/08/2026
Македонија

По одбивањето за продолжување на прекинот на казната, тој не

12/08/2026
Македонија

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар

12/08/2026
Македонија

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази

12/08/2026
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44977
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ѓорѓиевски: Водата во Скопје е меѓу најбезбедните, ширењето паника е организиран напад и ќе заврши

12/08/2026

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, остро ги демантираше гласините кои се шират по социјалните мрежи и затворените родителски групи

По одбивањето за продолжување на прекинот на казната, тој не се вратил во „Идризово“ –

12/08/2026

Основниот кривичен суд Скопје излезе со официјално соопштение во кое ги појаснува законските и медицинските причини за прекинот на издржувањето

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар приведени откако се обиделе да

12/08/2026

Полициски службеници во Гостивар вчера околу 13:30 часот го лишиле од слобода 86-годишниот Т.С. и неговиот 60-годишен син М.С. од

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy