Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО Жителите на Лагадин алармираат: По дивоградбата, инвеститорот сега сака да ја узурпира и плажата
Македонија

ВИДЕО Жителите на Лагадин алармираат: По дивоградбата, инвеститорот сега сака да ја узурпира и плажата

06/09/2025

AA

Здружението на граѓани за заштита на Лагадин денеска упати отворено писмо до министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, и побара итен инспекциски надзор, откако инвеститорот на спорниот хотел во населбата, Никола Толевски, најавил дека планира да го заземе и просторот на плажата.

​Во писмото, жителите потсетуваат дека проблемот со објектот на „Дебој инженеринг“ трае со години, обвинувајќи дека тој е изграден со кршење на сите закони за градење во заштитениот крајбрежен појас и со целосно игнорирање на препораките на УНЕСКО. Тие го цитираат и поранешниот премиер Зоран Заев, кој во 2018 година за овој проект изјави дека „за чичко Никола не може да биде ‘Не!’, мора да биде “Да!”“.​

Според здружението, листата на нелегални дејствија на инвеститорот постојано се зголемува. Тие тврдат дека тој во меѓувреме нелегално додал уште еден, петти кат на објектот, доградил дополнителни простории и тераси, а годинава го узурпирал и влезот во населбата Лагадин со стеснување на улицата и заземање на две државни парцели.​

„Иако против инвеститорот се поднесени повеќе кривични пријави за нелегално градење и узурпација на јавен простор, не само во Лагадин, туку и во Пештани, тој продолжува со однесувањето ‘Никој ништо не ми може’ уште од 2017 година“, се вели во реакцијата на жителите.​

Поради најавата за, како што велат, узурпација и на плажата, тие бараат од министерот Николоски и од градоначалникот итно да спречат какви било натамошни интервенции околу дивоизградениот хотел за да се спречат дополнителни штети врз еколошкиот амбиент на охридското крајбрежје.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy