Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Меџити: Државата ќе субвенционира набавка на 200 електрични такси возила со 840.000 евра
Македонија

Меџити: Државата ќе субвенционира набавка на 200 електрични такси возила со 840.000 евра

06/09/2025

AA

Со вкупен фонд од 840.000 евра, Министерството за животна средина ќе ја субвенционира замената на 200 постоечки такси возила со нови, целосно електрични автомобили. Ова го најави првиот вицепремиер и ресорен министер, Изет Меџити, по работната средба со претставници на Унијата на здруженија на таксисти.

Според министерот Меџити, иницијативата е клучен дел од владината стратегија за борба против загадувањето на воздухот и подобрување на квалитетот на урбаниот живот.

Финансиската конструкција на проектот предвидува Министерството да покрие 15% од вредноста на возилата. Со просечна цена од 28.000 евра по автомобил, вкупната инвестиција за 200 возила изнесува околу 5,6 милиони евра, од кои државната субвенција ќе биде приближно 840.000 евра.

„Возилото што денес го претставуваме е електрично, со високи еколошки стандарди, без штетни емисии, без бучава и со висока енергетска ефикасност“, истакна Меџити, додавајќи дека замената на старите возила на дизел, бензин или гас ќе се одвива во неколку фази.

Според еколошките проекции, оваа мерка ќе придонесе за намалување на емисиите на јаглерод диоксид за над 2.700 тони годишно, што е еквивалентно на засадување на повеќе од 120.000 дрвја. Дополнително, се очекува и значително намалување на бучавата во градските средини.

Меџити потсети дека оваа иницијатива е дел од поширок пакет на зелени политики, кој веќе вклучува воведување на систем за споделување на 100 електрични возила за јавна употреба, донација на 6 електрични автобуси за Скопје преку програмата „ЕУ за чист воздух“, како и зголемување на капацитетите за мониторинг на квалитетот на воздухот и масовно пошумување.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МЛАДИТЕ ШТО ПРОТЕСТИРААТ ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ИМААТ СОГОВОРНИК ВО ПРЕМИЕРОТ Мицкоски

22/11/2026
Македонија

20% ПОВЕЌЕ УСЛУГИ ЗА СТУДЕНТИТЕ И ЗА МЛАДИТЕ Поволностите ќе

22/11/2026
Македонија

СТАНОВИТЕ ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ДВОЈКИ ЌЕ БИДАТ ЗА 20% ПОЕВТИНИ

22/11/2026
Македонија

ПОЧИНА БИЗНИСМЕНОТ БОШКО РЕМИС Се занимаваше со градежништво и со

22/11/2026
Македонија

НЀ ОЧЕКУВА ДОЖДЛИВА НЕДЕЛА На планините ќе има снег

22/11/2026
Македонија

ПОТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТО ЛИЦЕ ВО ГОСТИВАР Се пребарува и по

22/11/2026
Македонија

РАМА ТВРДИ ДЕКА АЛБАНИЈА НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ПОПРЕЧУВА ПАТОТ

22/11/2026
Македонија

ONE STOP SHOP ПОЧНА ДА ФУНКЦИОНИРА НА ЌАФАСАН Мицкоски и

22/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46886
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МЛАДИТЕ ШТО ПРОТЕСТИРААТ ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ИМААТ СОГОВОРНИК ВО ПРЕМИЕРОТ Мицкоски ѝ порача на опозицијата да

22/11/2026

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска им порача на младите кои протестираа против насилството врз жените, дека во

20% ПОВЕЌЕ УСЛУГИ ЗА СТУДЕНТИТЕ И ЗА МЛАДИТЕ Поволностите ќе се користат преку апликацијата м.услуги

22/11/2026

Како трета мерка за младите премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, најави 20 проценти поголеми услуги за студентите и

СТАНОВИТЕ ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ДВОЈКИ ЌЕ БИДАТ ЗА 20% ПОЕВТИНИ Фирмите ќе бидат задолжени да

22/11/2026

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од конференцијата на Унијата за млади сили на партијата, најави три клучни

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy