Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО Пукна брана во Русија, над 5.000 луѓе се евакуирани
Македонија

ВИДЕО Пукна брана во Русија, над 5.000 луѓе се евакуирани

06/04/2024

AA

Властите наредија итна евакуација на Орск и околните села во регионот Оренбуш, откако браната на реката Урал пукна доцна во петокот навечер.

Според последните извештаи, речиси 5.000 луѓе се евакуирани од Оренбуш, а повеќе од 2.500 станбени згради се поплавени.

Во рускиот град Орск, да потсетиме, пукна браната што го штитеше градот од реката Урал.

Како што изјави за новинарите градоначалникот на Орск, Василиј Кожупица, една од пукнатините на браната е санирана.

„Колку што знам, вчера се зборуваше за пукање на две брани. Еден пробив до Паркот на градежници. Тој е во подобра ситуација. Успеавме да ја запреме реката. Таму моментално се врши одводнување и зајакнување на браната. Но, овде, конкретно во Стариот град, тешко е да се предвиди развојот на ситуацијата“, рече тој.

Тој додаде дека половина од староградската населба е поплавена, водата стигнува речиси до улицата Орџоникиџе. Сообраќајот на улицата Краснознаменска е блокиран, бидејќи од пробивот тече вода.

Според градоначалникот, постои ризик Стариот град да биде изолиран од новиот дел на Орск: „Овие територии се поврзани со пат на горната брана, а сега и таа е поплавена. Доколку проблемот се влоши, прва помош ќе почне да користи теренски возила и чамци за продолжување на евакуацијата на населението“. Кожупица стравува дека Стариот град ќе биде сериозно оштетен од поплави.

Градоначалникот додаде дека водата нема да се повлече за два-три дена, туку ќе остане недела и пол до две, а можеби и подолго. Поради ова, надлежните органи ќе мора да распоредат центри за долгорочно сместување, бидејќи евакуираните можат да престојуваат во привремено сместување најмногу три дена.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Дете се затруло со бензин во Куманово, пренесено во болница

20/08/2026
Македонија

МВР: Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

20/08/2026
Македонија

Владата потрошила 6 милиони денари за питка вода за гостиварчани

20/08/2026
Македонија

Од септември ново правило за Google услугите во Македонија –

20/08/2026
Македонија

22 пожари на отворено за еден ден: Осум и натаму

20/08/2026
Македонија

Ангелов: Водата во Гостивар е безбедна, грижата за квалитетот сега

20/08/2026
Македонија

Без концесија копале на државно и приватно земјиште, па ја

20/08/2026
Македонија

Владата најави „училишна кошничка“: Во вторник одлука за пониски цени

20/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45150
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

ВИДЕО Силно невреме ја погоди Франција: Две лица загинаа, 17 повредени!

26/06/2025

Најмалку две лица загинаа, а 17 се повредени во силното невреме што ја погоди Франција, соопшти тамошниот Сектор за цивилна

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy