28 ПИШТОЛИ БЕЗ ДОЗВОЛА, 63-ГОДИШНИК ВО ПОЛИЦИЈА Голема акција на МВР во Куманово
Дваесет и осум пиштоли за светлосно-звучна сигнализација биле пронајдени во деловен простор во Куманово, а 63-годишен маж бил лишен од слобода бидејќи за оружјето немал дозвола, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Станува збор за Љ. М. од Куманово, кој бил приведен на 20 октомври во 14:20 часот, во рамките на акциска контрола спроведена според претходно изготвен план.
Во акцијата учествувале полициски службеници од СВР Куманово, во содејство со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност и Одделот за граѓански работи при МВР.
Пронајдените пиштоли биле одземени во рамките на постапката, а 63-годишникот бил приведен во полициска станица.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
.
Извор: plusinfo.mk