Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЛЕТНАТА СЕЗОНА НАБРГУ ПОЧНУВА – а за овие работници постои јагма на пазарот на трудот
Економија

ЛЕТНАТА СЕЗОНА НАБРГУ ПОЧНУВА – а за овие работници постои јагма на пазарот на трудот

06/04/2024

AA

Недостигот од квалификувана работна сила во Германија може да се забележи во многу области. Рестораните не можат да најдат готвачи, болниците немаат лекари и медицински сестри, градежниците доцнат без мајстор – а базените нема да можат да работат без спасувачи.

Сезоната на отворен базен започнува за само неколку недели, а управата како и пред претходните неколку сезони очајно бара спасувачи и инструктори по пливање. Имено, без нив базените не можат да примаат гости и ќе останат затворени додека не го решат проблемот.

Ова веќе се случи, и токму поради тоа Здружението на спортови на граѓаните на Дуизбург започна кампања за „спасување на базенот“.

„Недостигот од персонал во индустријата е очигледен. Едноставно нема доволно луѓе на пазарот“, рече Марк Ридсхајм од менаџментот на здружението.

Операторите на базените во градот отворија постојан конкурс со минимални барања: Кандидатите не треба да закажуваат термин, можат да се појават во секое време и треба да понесат само костим за капење.

И другите германски градови се обидуваат да ги избегнат затворените базени. Во Есен, на пример, операторите активно бараат спасувачи во пливачките клубови.

„Се вклучивме во жестока борба за работниците“, рече Франк Ахзен од градскиот огранок на Германското здружение на оператори на базени и бањи.

Повеќето месни заедници ќе го затворат конкурсот за спасувачи и инструктори во следните неколку недели. Тогаш ќе биде јасно колкав е точниот дефицит за отворањето на летната сезона.

Покрај спасувачите, Германија има недостиг од 2.000 до 3.500 други работници во базените, вклучувајќи го и техничкиот персонал кој се грижи за квалитетот на водата, на пример.

Инаку, во земјата има околу 6.500 затворени и отворени базени. Во изминатите три години, многумина доцна отворија и го скратија работното време, а некои целосно ги затворија вратите за јавноста.

„Тоа сигурно ќе го има и оваа година“, изјави портпаролот на националното здружение за спасувачи, Мартин Холхауз.

Додека тој очекува некои од потребните квалификувани работници некако да се појават во наредните недели и месеци за барем привремено решение овде-онде, Холшауз предупреди дека „потребата на базенот за квалификувана работна сила не може да се реши денес за утре“.

Претседателот на Здружението на германски инструктори по пливање, Петер Хархајм, проблемот воопшто го гледа во самото општество.

„Сите сакаат да излегуваат за викенд, да се релаксираат и да уживаат во благосостојба, но ретко кој сака да работи за викенд и да придонесе за таква понуда“, рече тој. „Тоа не може да го решиме само ние од гранката.

(Извор: ДПА, Блиц.рс)

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТО ЛИЦЕ ВО ВАРДАР Спасувачки тимови го пребаруваат

21/10/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ СЕ ВАКЦИНИРАШЕ ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП Имунизацијата почна, досега се

21/10/2026
Македонија

📽️ 📷 СПРЕЧЕН ШВЕРЦ НА ЛЕКОВИ ЗА MAЛИГНИ ЗАБОЛУВАЊА ВРЕДНИ

21/10/2026
Македонија

НАМЕСТО КАЗНИ ОД ПО 300 ЕВРА, ПОЛИЦАЕЦ ОД ТЕТОВО ИМ

21/10/2026
Македонија

30.000 САДНИЦИ ЧЕКААТ НА ВОЛОНТЕРИТЕ ВО СВЕТИ НИКОЛЕ dm повикува

21/10/2026
Македонија

ВИДЕА СО ДЕТСКА ПОРНОГРАФИЈА ОТКРИЕНИ ВО ОХРИД На 42-годишник му

21/10/2026
Македонија

28 ПИШТОЛИ БЕЗ ДОЗВОЛА, 63-ГОДИШНИК ВО ПОЛИЦИЈА Голема акција на

21/10/2026
Македонија

ВО НЕДЕЛА СЕ ВРАЌАМЕ НА ЗИМСКОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО Македонија

21/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46297
  • Регион 3997
  • Свет 15
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТО ЛИЦЕ ВО ВАРДАР Спасувачки тимови го пребаруваат коритото кај Гостивар

21/10/2026

Спасувачки тимови на Дирекцијата за заштита и спасување ја пребаруваат реката Вардар во гостиварскиот регион по исчезнато лице за кое

КЛЕКОВСКИ СЕ ВАКЦИНИРАШЕ ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП Имунизацијата почна, досега се пријавени 55.535 граѓани

21/10/2026

Министерот за здравство, Сашо Клековски денеска се вакцинираше протов сезонски грип во  Институтот за јавно здравје, кој е еден од

📽️ 📷 СПРЕЧЕН ШВЕРЦ НА ЛЕКОВИ ЗА MAЛИГНИ ЗАБОЛУВАЊА ВРЕДНИ 5.400 ЕВРА Косовски возач ги

21/10/2026

Лекови за третман на малигни заболувања, вредни 336.000 денари, биле откриени во кутија за прва помош во автобус на граничниот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy