8 НОВИ СЛУЧАИ НА ХИВ/СИДА ВО СЕПТЕМВРИ Меѓу заразените е и еден тинејџер
Во Македонија во текот на септември се регистрирани 8 нови случаи на ХИВ/СИДА, сите кај лица од машки пол. Пријавени се и двајца починати пациенти, кои биле евидентирани како случаи на ХИВ во 2015 и во 2018 година, информира Институтот за јавно здравје.
Четири од новозаразените се на возраст од 30 до 39 години, а останатите се во возрасните групи од 15 до 19, од 20 до 29, од 40 до 49 и од 50 до 59 години.
Според податоците на ИЈЗ, заклучно со 30 септември, во Македонија се пријавени вкупно 49 случаи на ХИВ/СИДА во текот на 2026 година.
Во периодот од 1987 до 2026 година, кумулативно се регистрирани 778 лица со ХИВ/СИДА. Од нив, 144 починале, 520 живеат со ХИВ/СИДА, а 114 се водат како изгубени за следење поради иселување.
.
Извор: plusinfo.mk