Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 30.000 САДНИЦИ ЧЕКААТ НА ВОЛОНТЕРИТЕ ВО СВЕТИ НИКОЛЕ dm повикува на масовно пошумување, пријавувањето трае до 10 ноември
Македонија

30.000 САДНИЦИ ЧЕКААТ НА ВОЛОНТЕРИТЕ ВО СВЕТИ НИКОЛЕ dm повикува на масовно пошумување, пријавувањето трае до 10 ноември

21/10/2026

AA

Компанијата dm drogerie markt и оваа година ги повикува граѓаните да ги здружат силите и да станат дел од традиционалната акција за масовно пошумување во рамки на проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“.

На 22 ноември 2026 година, во селото Немањици, Свети Николе, ќе се одржи нова акција за пошумување, со која проектот ќе ја достигне бројката од 180.000 засадени дрвја ширум земјата од неговиот почеток. Пријавувањето е веќе отворено и трае до 10 ноември, односно до пополнување на предвидените места.

Сите што сакаат да придонесат за позелена животна средина треба да се пријават преку следниот линк.

Проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“ започна во 2022 година во скопско Миладиновци, а во изминатите години акциите за пошумување продолжија во близина на опсерваторијата Кокино, кај езерото Младост во Велес и во селото Калапетровци, во околината на Штип.

Покрај масовните акции за пошумување, во рамки на проектот се реализираше и садење дрвја во градинки и училишта низ државата, со што иницијативата доби дополнителна димензија во создавањето позелена средина за најмладите.

Проектот се реализира заедно со партнерите Македонско еколошко друштво (МЕД) и ЈП „Национални шуми“, со заеднички ангажман на вработените во dm и волонтерите кои од година во година се приклучуваат на акциите. Со претстојното пошумување во Свети Николе, оваа иницијатива продолжува да се шири на нови локации, обединувајќи ги сите што сакаат да дадат конкретен придонес за позелено утре.

„Она што пред 5 години започна како иницијатива за обновување и збогатување на зелените површини, денес прерасна во препознатлива традиција што ги обединува вработените во dm, волонтерите и граѓаните кои веруваат дека грижата за природата започнува со конкретни дела. Петта година по ред, проектот ‘Пошумуваме заедно за позелено утре’ продолжува да ги поврзува луѓето околу иста цел – создавање позелена и поздрава животна средина“, велат од dm дрогерие маркт.

Низ изминатите години, акциите за пошумување се одржуваа на различни локации низ Македонија, а секоја нова сезона носеше дополнителни садници и нови учесници подготвени да придонесат. Годинава, оваа зелена приказна продолжува во Свети Николе, каде што со засадувањето на новите 30.000 садници вкупната бројка ќе достигне 180.000 дрвја.

„Зад оваа бројка стојат години посветеност, заедничка работа и желба да се направи нешто добро за природата. А најубавиот дел од оваа иницијатива е што секој може да биде дел од неа! Не е потребно претходно искуство со садење дрвја, туку само желба да се придонесе и подготвеност еден ден да се посвети на активност што има значење и за идните генерации“, порачува компанијата.

Во пораката се вели и дека пошумувањето е можност да се помине време на отворено, да се запознаат луѓе со слични вредности и, најважно, со сопствени раце да се направи конкретен чекор кон позелено утре.

Компанијата ги повикува сите заинтересирани граѓани да се приклучат на петтото издание на масовното пошумување и заедно да придонесат за остварување на годинашната цел.

„Без разлика дали ќе дојдете сами, со пријателите или со семејството, ова е можност да бидете дел од иницијатива што остава траен позитивен придонес за животната средина“, се вели во текстот.

Фото: dm дрогерие маркт

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📽️ 📷 СПРЕЧЕН ШВЕРЦ НА ЛЕКОВИ ЗА MAЛИГНИ ЗАБОЛУВАЊА ВРЕДНИ

21/10/2026
Македонија

НАМЕСТО КАЗНИ ОД ПО 300 ЕВРА, ПОЛИЦАЕЦ ОД ТЕТОВО ИМ

21/10/2026
Македонија

30.000 САДНИЦИ ЧЕКААТ НА ВОЛОНТЕРИТЕ ВО СВЕТИ НИКОЛЕ dm повикува

21/10/2026
Македонија

ВИДЕА СО ДЕТСКА ПОРНОГРАФИЈА ОТКРИЕНИ ВО ОХРИД На 42-годишник му

21/10/2026
Македонија

28 ПИШТОЛИ БЕЗ ДОЗВОЛА, 63-ГОДИШНИК ВО ПОЛИЦИЈА Голема акција на

21/10/2026
Македонија

ВО НЕДЕЛА СЕ ВРАЌАМЕ НА ЗИМСКОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО Македонија

21/10/2026
Македонија

8 НОВИ СЛУЧАИ НА ХИВ/СИДА ВО СЕПТЕМВРИ Меѓу заразените е

21/10/2026
Македонија

СЛУЧАЈОТ СО ИВА МИХАИЛОВА Е БУГАРСКИ ПРЕДИЗБОРЕН ФОЛКЛОР Мицкоски вели

20/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46295
  • Регион 3997
  • Свет 15
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📽️ 📷 СПРЕЧЕН ШВЕРЦ НА ЛЕКОВИ ЗА MAЛИГНИ ЗАБОЛУВАЊА ВРЕДНИ 5.400 ЕВРА Косовски возач ги

21/10/2026

Лекови за третман на малигни заболувања, вредни 336.000 денари, биле откриени во кутија за прва помош во автобус на граничниот

НАМЕСТО КАЗНИ ОД ПО 300 ЕВРА, ПОЛИЦАЕЦ ОД ТЕТОВО ИМ ИЗРЕКОЛ ПОБЛАГИ САНКЦИИ Кривична пријава

21/10/2026

Полициски службеник од Тетово е кривично пријавен под сомнение дека ја злоупотребил службената положба и несовесно постапувал во службата, откако

ВИДЕА СО ДЕТСКА ПОРНОГРАФИЈА ОТКРИЕНИ ВО ОХРИД На 42-годишник му е одреден притвор од 30

21/10/2026

Четириесет и двегодишен охриѓанец заврши во притвор откако полицијата при претрес во неговиот дом пронашла и одзела десктоп-компјутер и видеоснимки

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy