ВИДЕО Полицајци од Кривогаштани ќе добијат дисциплинска, со оружје им мавтале, а тие не реагирале
За четворица полицајци од Кривогаштани, ќе биде поведена дисциплинска постапка оти не реагирале, додека граѓани пред очи им мавтале со оружје.
Пријава во полиција ја направил сопственикот на локалот во кој биле лицата со оружје.
„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе предлог за утврдување дисциплинска одговорност, против лицата Б.Б., Г.А., С.С. и Д.Т. – вработени во Министерството за внатрешни работи на работно место полицаец во ПО Кривогоштани. Имено, постапувајќи по претходна пријава на сопственик на угостителски објект на територијата на општина Кривогаштани, во која се вели дека во неговиот објект седат лица кои поседуваат огнено оружје – за што биле објавени снимки и на социјалните мрежи, претходно споменатите полициските службеници не извршиле одземање на оружје, претрес и легитимирање на лицата“, вели Тошковски.