Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 (ВИДЕО) Мицкоски: Влегуваат во политика голтари, излегуваат милијардери
Македонија

(ВИДЕО) Мицкоски: Влегуваат во политика голтари, излегуваат милијардери

19/06/2023

AA

Јас сум го кажал мојот став поврзан со тоа. Во политиката имаме многу политичари кои што влегуваат голтари, излегуваа милијардери и ценам дека имотот на голем дел од тие политичари и нивните потесен круг семејства, би рекол во прв ред, изнесува веќе во милијарди и тоа би рекол неколку милијарди. Така што, пред да влеземе во тој ветинг на судството, кој што е памфлет од барање, јас предлагам да се искористат постојните законски надлежности кои што ги има и Управата за јавни приходи и останатите институции во Македонија и да направиме ветинг на политичарите, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски запрашан за став во врска со ветингот во судството кој што се споменува во јавноста.

Од теренската активност за посета на реализирани проекти во Општина Аеродром во рамките на акцијата „Ова е Македонија за сите“, Мицкоски истакна дека нуди тој и неговото најтесно семејство да биде прв пример врз кој би се спровел ветингот или потеклото на имот врз политичарите.

Мицкоски додаде дека во Македонија многу е лесно да се испита стекнатиот имот и доволно е да се видат луксузно изградените недвижности и луксузни автомобили кои се возат по македонските патишта, на чии сопственици ако им се побараа потеклото на стекнатиот имот ќе се види дека пријавен им е само еден процент од тоа што поседуваат.

„Еве, јас сум го кажал тоа, нека почнат од мене и од моето семејство како прв пример. Еве јас лично, се ќе ставам на увид, нека тргнат од мене и ќе покажам потекло на имот. Многу едноставно можете во Македонија да го го видите потеклото на луѓето, без разлика дали се политичари или луѓе кои што се активни во општествениот живот, или блиски до политиката, само доволно е да видите колку имаме луксузни недвижности изградено во последните години, да видите колку луксузни автомобили се возат низ скопските и низ македонските улици и ќе видите кои се тие луѓе, побарајте им го потеклото на имотот ќе видите дека имаат пријавено ниту еден процент од тоа кое што го поседуваат“, рече Мицкоски.

Мицкоски смета дека не се потребни импровизации и дека според постоечките македонски закони, може да се провери и да се види кои политичари и нивните семејства, кои стекнале огромни богатства, изминатите три децении ја краделе Македонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ЈА ПРОПУШТИЛА ШАНСАТА ЗА ДОБАР ПРВ ВПЕЧАТОК Мицкоски

26/09/2026
Македонија

СОФИЈА НЕ САКА БРИСЕЛ ДА СЕ ВКЛУЧИ ЗА ДА НЕ

26/09/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР НА ОТПАД ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ТЕТОВО На граѓаните

26/09/2026
Македонија

СВЕТЛАНА МОЈСОВ ОДЛИКУВАНА СО ОРДЕН „8 СЕПТЕМВРИ“ Македонија се гордее

26/09/2026
Македонија

ПРВО ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА, ПА ОТВОРЕНИ ЛИСТИ Платформата 12.05 нуди

26/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ Е ФРАКЦИЈА ВО СДСМ И МОРА ДА ЈА ОСЛОБОДИ

26/09/2026
Македонија

ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА

26/09/2026
Македонија

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ

26/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45826
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ЈА ПРОПУШТИЛА ШАНСАТА ЗА ДОБАР ПРВ ВПЕЧАТОК Мицкоски не сака да се меша

26/09/2026

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ ја пропуштила можноста да остави позитивен прв впечаток, бидејќи ги потценува граѓаните, со тоа

СОФИЈА НЕ САКА БРИСЕЛ ДА СЕ ВКЛУЧИ ЗА ДА НЕ ПРИЗНАЕ ДЕКА ИМАМЕ БИЛАТЕРАЛЕН СПОР

26/09/2026

Досегашните средби на билатерално ниво меѓу Северна Македонија и Бугарија се средби „колку да се случат“, а Европската Унија треба

ГОЛЕМ ПОЖАР НА ОТПАД ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ТЕТОВО На граѓаните им е препорачано да ги

26/09/2026

Во автоотпад во Тетово избувна пожар, при што биле зафатени гуми, акумулатори и пластични делови од возила. Пожарникарите со часови

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy