Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО ЦИА со снимки ги мами руските шпиони да станат двојни агенти
Македонија

ВИДЕО ЦИА со снимки ги мами руските шпиони да станат двојни агенти

23/01/2024

AA

Американската ЦИА објави видео со висока продукција на руски јазик во кое се обидува да ги убеди руските разузнавачи да ја сменат страната и да станат двојни агенти на Вашингтон.

Директорот на ЦИА, Вилијам Барнс, во јули изјави дека незадоволството кај некои Руси поради војната во Украина создава единствена можност за регрутирање шпиони и дека организацијата нема да ја пропушти.

Видеото објавено на официјалниот канал на ЦИА на Х има за цел руски патриоти вработени во разузнавачката заедница кои се сметаат за предадени од корупцијата во елитните кругови и лошата опрема и снабдување на руските вооружени сили.

„Оние околу вас можеби не сакаат да ја слушнат вистината. Но ние сакаме. Не сте беспомошни“, им кажува речиси триминутното видео, во кое се наведени и начини како да стапите во контакт со американската агенција.

Главниот лик во видеото, придружен со меланхолична класична музика, е измислен 35-годишник, вработен во воена разузнавачка агенција. Тој е претставен како патриот кој ја сака Русија и некогаш служел како падобранец.

„Имам ли храброст да се спротивставам на ова предавство“, вели тој во видеото, пред да открие дека сфатил дека вистинските непријатели во Русија се корумпираното раководство и елитата.

„Врвното раководство ја продаде земјата за палати и јахти, додека нашите војници џвакаат скапани компири и пукаат во праисториско оружје. Нашите луѓе се принудени да плаќаат мито за да најдат работа“, продолжува 35-годишникот во видеото, кое ги спојува снимките од бледата руска зима со луксузни автомобили и шампањ.

Главниот лик потоа истакнува дека неговиот патриотизам го поттикнал да соработува со ЦИА, а на крајот се гледа како контактира со таа американска агенција.

Кремљ ги отфрли наводите за лошо опремена војска изнесени на видеото. Портпаролот Дмитриј Песков рече дека ваквата практика на користење на медиумите и социјалните мрежи за регрутирање е вообичаена и дека ЦИА тоа го прави секоја година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Следува разладување: По жештините доаѓаат дожд, грмежи и невреме

28/06/2026
Македонија

Обвинителство: Насилна е смртта на жената од Таор, поранешниот сопруг

28/06/2026
Македонија

Убиство на жена во Скопје: Четири лица приведени!

28/06/2026
Македонија

Ѓоковиќ со честитка за Лина Ѓорческа: Наскоро сакам да ја

28/06/2026
Македонија

Приведени двајца возачи затоа што возеле во спротивен правец на

28/06/2026
Македонија

Денес до 38 степени: Македонија под силен топлотен бран

28/06/2026
Македонија

Ги оставала децата да спијат во автомобил додека била на

28/06/2026
Македонија

Продолжува сообраќајниот колапс на „Богородица“: Се чека и до четири

28/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43999
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Путин: Замрзнувањето на руските златни и девизни резерви на Запад не е кражба, туку грабеж!

26/06/2025

Можната конфискација на руските златни и девизни резерви замрзнати во западните банки е грабеж, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.

ВИДЕО Силно невреме ја погоди Франција: Две лица загинаа, 17 повредени!

26/06/2025

Најмалку две лица загинаа, а 17 се повредени во силното невреме што ја погоди Франција, соопшти тамошниот Сектор за цивилна

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy